10.05.2022

Тренчевска: Секоја иницијатива која има за цел унапредување на родовата еднаквост е важна, заедно градиме еднакво општество за сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на презентирањето на новата иницијатива - Алијанса за родова еднаквост на работно место, (Gender Equality Aliance- GEA). Иницијативата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми за унапредување на родовата еднаквост на работното место, еднакви можности, еднаква застапеност и вреднување на трудот.

Министерката Тренчевска истакна дека, министерството во моментов работи на подготовка на нови законски решенија, кои што ќе значат унапредување на родовата еднаквост во посебните области на општественото живеење.

„Интезивно работиме на Законот за работни односи каде што ќе биде директно транспорирана директивата на ЕУ за хармонизација на семејниот и професионалниот живот, што ќе значи дополнително унапредување на положбата на жената на пазарот на труд и подобрување на условите за работа на жените во процесите на работа. Исто така, работиме и на нов Закон за родова еднаквост кој ќе придонесе за зајакнување на механизмите за родова еднаквост на национално и локално ниво и унапредување на родовата перспектива во сите општествени текови“, рече Тренчевска.

Министерката истакна дека во духот на европските вредности, во рамки на ИПА проектот „Подобрување на условите за работа“, Министерството за труд и социјална политика објави јавен повик за финансиска поддршка на мали, микро и средни компании кои што ќе работат на промовирање на флексибилни работни ангажмани и мерки за усогласување на семејниот и професионалниот живот. Преку проектот се обезбедува финансиска поддршка за најмалку 6 компании кои што ќе промовираат родова еднаквост во рамки на нивната компанија. ​

Министерката изрази поддршка за воспоставувањето на Алијансата која како платформа ќе го обедини приватниот сектор и ќе биде партнер на Владата и Министерството за труд и социјална политика во креирањето на сите политики кои што се однесуваат за унапредување на еднаквоста, подобрување на условите за работа, еднаквата плата и праведни работни места за жените и за мажите во нашето општество.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }