24.12.2022

Тренчевска: Зачестените пријавувања на булинг во училиштата се наш мотив да започнеме да го менуваме системот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на центарот за справување со булинг „Лика Ритз“ во Загреб. Центарот е отворен од 2017 година и обезбедува на сеопфатна и систематска грижа за децата и младите во ризик. Во нивната работа се вклучени сите кои се дел од воспитно образовниот систем или се дел од секојдневието на децата и младите.

Целта на центарот е подобрување на родителските вештини, подобрување на социјалните вештини на децата и младите, придонес за спречување на насилството и други форми на ризично однесување, помош за надминување на тешкотии кај децата и младите со создавање услови за развој на одговорен однос кон себе, семејството и општеството како и подобрување на компетенциите на експертите кои учествуваат во образованието на деца и млади луѓе.


„Кога се соочуваме со предизвици во нашето општество секогаш треба цврсто да пристапиме кон решавање на истите. Зачестените пријавувања на булинг во училиштата се наш мотив да започнеме да го менуваме системот и да креираме нови услуги кои ќе бидат од корист на децата, родителите и целото општество. Ова ќе го направиме само водејќи се по добри примери“ рече Тренчевска.


Министерката во непосредна комуникација со претставниците од центарот истакна дека нивниот пример ќе биде од особена важност во унапредување на политиките, мерките и услугите кои ги креира Министерството за труд и социјална политика.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }