17.05.2024

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, заедно со претставникот на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денeска во детската градинка “Гоце Делчев” во општина Илинден присуствуваа на промоција на проектот: „Градење на здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст".

“Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока национална, општествена и лична цел”, потенцираше Велковски и додаде дека здравата и безбедна храна е неопходност за подобар раст и развој на децата, особено во првите години од животот.

Во рамките на соработката со УНИЦЕФ почна реализацијата на проектот: „Градење на здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст", во партнерство со Асоцијацијата ЕДУЛЕНД, а активно учество во проектот зема и Здружението за одржлив развој АРЕТЕ.

“Како резултат на овој проект произлегоа едукативни обуки кој што почнуваме да ги пилотираме првично во 4 градинки за вработените во предучилишните установи, а понатаму во план е да опфатиме уште 30 градинки низ целата држава. Она што ме радува е дека на овие обуки учесници се вработените во детските градинки: директор, стручни работници и соработници, воспитувачи, негуватели и вработени во кујните каде се приготвува храната за децата. Исто така се изработи и Прирачник со насоки за здрава исхрана”, рече министерот за труд и социјална политика.  

Министерот Велковски додаде дека воспитувачите и негувателите од раното детство имаат клучна улога во обликувањето на здравите прехранбени навики на децата, не само преку храната што ја нудат во градинките, туку и, како што рече, преку однесувањето што го моделираат, нивните интеракции со децата за време на оброците, дискусиите и активностите што ги преземаат со децата.  

“Од овие причини, практичното унапредување на нивните професионални компетенции има големо значење”, потенцираше министерот Велковски. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }