06.12.2024
Заменик министерот Ѓоко Велковски на средба со претставниците на Светска банка
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа работна средба со регионалниот директор на Светска банка за социјална заштита и работни прашања, Михаил Рутковски, како и со високите претставници Натали Лахир и Бојана Нацева. Средбата беше посветена на дискусија за тековните и идните проекти, како и на конкретни чекори за подобрување на социјалните услуги во земјата.
На состанокот се разгледаа повеќе клучни теми, меѓу кои:
- Напредокот на тековните проекти за социјални услуги, со фокус на нивната ефективност и влијание врз корисниците.
- Имплементацијата на нов информативен систем за администрирање на паричните надоместоци и социјалните услуги, со кој ќе се овозможи поефикасно управување, транспарентност и навремена достава на помошта до корисниците.
- Активирањето на ранливите групи на пазарот на трудот, преку мерки и програми кои ќе им помогнат да се интегрираат и економски осамостојат.
- Организирање на обуки за кадри и воспитувачи, со цел јакнење на капацитетите на професионалците кои директно работат со корисниците на социјални услуги, како и подобрување на нивните вештини и квалификации.
Дополнително, беше разговарано за идните приоритети во соработката со Светска банка, како и за можностите за проширување на поддршката во областите на образование, рана детска заштита и интеграција на лицата со попреченост.
„Соработката со Светска банка претставува значаен партнерски однос во нашите напори за создавање одржлив и инклузивен систем на социјална заштита. Овие проекти се од суштинско значење за граѓаните, особено за најранливите категории, и ги зајакнуваат капацитетите на нашата држава да обезбеди квалитетни и достапни услуги“, истакна заменик министерот Ѓоко Велковски.
Министерството социјална политика, демографија и млади останува целосно посветено на унапредување на социјалната заштита, водејќи се од принципите на транспарентност, инклузивност и ефективност.