04.03.2025

Заменик министерот Велковски во работна посета на Градско

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари работна посета на Општина Градско.

За време на посетата, заедно со градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков се сретнаа со претставници на Здружението на лица со церебрална парализа. На средбата се разговараше за важноста на развојот на социјалните услуги на локално ниво, со цел нивна поголема достапност на лицата на кои им е потребна.

Исто така, се разговараше и за актуелната состојба, можностите и потребите на лицата со телесен инвалидитет, при што беше истакнато дека Министерството за социјална политика, демографија и млади сериозно пристапува и со исклучителен интензитет ќе продолжи да работи на сите процеси за остварување на правата на лицата со попреченост.

Во рамки на посетата на Општина Градско, заменик министерот ги посети и дечињата згрижени во детската градинка „Кокичиња“, објект во состав на ЈОУДГ„Димче Мирчев“ од Велес.

На крајот од посетата на Градско, заменик министерот Велковски оствари средба со здружението на пензионери во Општината и имаше прилика да поразговара и да ги слушне барањата, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат пензионерите од оваа општина. На средбата им порача дека Министерството за социјална политика, демографија и млади и понатаму ќе продолжи да го подига на животниот стандард на пензионерите и нивното партиципирање во социјалниот живот. Порача дека понатаму ќе дава отворена поддршка на сите невладини организации, општини и организации кои работат на полето на заштитата на старите лица.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }