Проект "Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа"

 

Општи податоци за проектот

Проектот "Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа" се спроведува во рамките на Акционата програма на ИПА 2017. Проектот започна на 18 декември 2019 година и се планира да заврши на 31 октомври 2024 година. Вредноста на договорот е 1.150.750 евра. 

 

Цел на проектот

Проектот "Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа" имаше за цел да го подигне квалитетот на услугите за предучилишно образование и грижа, што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата. За тоа е неопходен стручен кадар којшто континуирано ќе се усовршува и професионално развива за да може да обезбеди поддршка за сите деца и нивните семејства во овие динамични и сложени услови што ги наметнува современиот живот.

Активностите на проектот беа структурирани во 3 компоненти: 

  • Модернизација на професионалниот и кариерниот развој на вработените во предучилишните институции
  • Ревидирање на моделот на (ре)лиценцирање на вработените во предучилишните институции и
  • Зајакнување на учеството на родителите во предучилишното воспитание, образование и грижа, особено родителите на деца во ризик и деца кои се социјално исклучени.

Проектот го модернизираше системот за професионален и кариерен развој на вработените во предучилишните институции, користејќи ги притоа добрите практики од ЕУ. Предложивме системски услови за унапредување на професионалната практика преку одржлив пристап за професионализација на сите стручни лица во предучилишното образование и грижа. Заедно развивме регулиран систем за професионален развој, кој го унапредува квалитетот на образованието и обезбедува целосна делотворност на градинките. Регулираниот систем за професионален развој нуди нови концепти за креирање на идните образовни политики во земјата.

Го (ре)дефиниравме моделот на лиценцирање на стручните лица вработени во системот за згрижување на деца од предучилишна возраст (директори, установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негователи), започнувајќи со анализа на состојбата во земјата и мапирање на најсоодветните модели од добрите практики на ЕУ. Новиот модел воспоставува врска помеѓу професионалниот и кариерниот развој на сите стручни лица вработени во системот за згрижување на деца од предучилишна возраст.

Работевме на зголемување на учеството на родителите и нивната информираност во предучилишното образование и грижа и го поддржуваме образованието кое се одвива во семејството. Механизмите за обезбедување квалитет сега ги земаат предвид улогата и учеството на родителите како соработници и како лица кои придонесуваат во процесите на надворешно следење и оценување.  

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

  • Воспоставен систем за континуиран професионален развој на стручните лица вклучени во предучилишното воспитание, образование и грижа со цел да се одржува чекор со новините во педагошкиот развој и да се обезбедат високо квалитетни образовни услуги уште од најрана возраст и грижа за сите деца, вклучително и за децата во ризик и децата кои се социјално исклучени.
  • Развиена релевантна рамка за кариерен развој на вработените во предучилишното воспитание, образование и грижа и зајакнување на капацитетите за нејзина успешна реализација.
  • Редефиниран модел на (ре)лиценцирање на стручните лица вработени во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и создадени услови за негова примена.
  • Зајакната е советодавната служба за родители и деца, со цел да се поттикне активното вклучување на родителите во планирањето на активностите со кои ќе се обезбеди средина која ќе го стимулира раното учење и развој на децата во рамките на семејството, со посебен акцент на децата со посебни образовни потреби и децата од социјално исклучени групи.

Во целина, во текот на спроведување на проектот се обучени 2240 лица, од кои: 

1. Обуки за предучилишни установи за организирање менторска шема согласно новиот водич:

  • Организирани и спроведени 15 дводневни обуки (онлајн работилници) за вработени во предучилишно образование за вовед во менторство и менторска шема за нови вработени. 
  • Обучени се 430 вработени во предучилишно образование од сите општини.

2. Обука за новиот модел на системот на кариерен развој врз основа на дефинирани стандарди за секој профил на кадар во предучилишно образование:

  • Спроведени 6 работилници за предлог моделот за кариерен развој на вработените во предучилишно образование.
  • Обучени се вкупно 181 учесник од јавни предучилишни установи од 49 различни општини.
3. Обука за вработени во предучилишно образование за разбирање на новиот систем на професионален и кариерен развој:
  • Спроведени 15 дводневни обуки 
  • Обучени се вкупно 542 практичари.

4. Обука за новиот модел на лиценцирање и релиценцирање (обновување на лиценците) на вработените во предучилишното образование:

  • Организирани и спроведени 6 обуки (онлајн работилници) за мапирање на најсоодветниот модел на лиценцирање и релиценцирање (обновување на лиценците на вработените во предучилишно образование.
  • На обуките учествуваа вкупно 188 практичари од јавни предучилишни установи.

5. Развивање план за соодветно активно учество на семејствата во предучилишното образование на нивните деца со акцент на охрабрувањето на инклузијата на семејства со ранливо потекло:

  • Спроведени се 6 работилници на кои учествуваа вкупно 184 учесници, од кои 106 практичари и 78 родители. 
  • Вкупно 82 практичари учествуваа на 4 групи информативни сесии на тема „Претставување на добрите практики за вклучување на родителите во предучилишното образование на нивните деца“.
  • Вкупно 101 практичар учествуваа на 4 групи работилници на тема: „Практична поддршка за вклучување на родителите во активностите на градинката“. 

АКТИВНОСТИ:

  • Дефиниравме стандарди на квалификации и компетенции за директори, негователи, стручни работници (социјални работници, психолози и едукатори за лица со посебни потреби) и стручни соработници во предучилишните институции.
  • Изработивме методологија, процедури и инструменти за управување со професионалниот развој на вработените во предучилишното образование и грижа, која вклучува следење на работата на стручните лица и планирање на нивниот професионален развој, како и креирање портфолио за професионален развој и процедури за негово ажурирање. 
  • Развивме сценарија со предлог механизми за обезбедување одржлива финансиска поддршка за професионален развој на стручните лица.
  • Изработивме упатство за начинот и формите на обезбедување менторство за стручните лица и воведување програма за менторство за новите вработени и поддршка на предучилишните институции за организирање менторска програма според новото упатство.
  • Дизајниравме најсоодветен модел за кариерен развој, базиран на дефинирани стандарди, за секој профил од стручните лица (воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници), вклучително и соодветно финансиско сценарио. Елабориравме методологија, процедури и инструменти за реализација на кариерниот развој на стручните лица.
  • Подготовивме законска рамка (законски амандмани, правилници, упатства итн.) кои го регулираат професионалниот, кариерниот развој, менторството и (ре)лиценцирањето.
  • Обезбедивме директна техничка поддршка на лице место за сите чинители со цел успешно спроведување на процесот за професионален и кариерен развој во овој сектор. 
  • Ги обучивме стручните лица за подобро разбирање на новиот систем за професионален развој.
  • Организиравме студиска посета во Италија со цел практично запознавење со системот на професионален развој и активно учество на семејствата во предучилишното образование на нивните деца.
  • Дефиниравме модел на лиценцирање и ре-лиценцирање на сите стручни лица врз основа на анализа на состојбата и мапирање на најсоодветните модели на лиценцирање и ре-лиценцирање на стручните лица.
  • Развивме план за значајно активно учество на семејствата во предучилишното воспитание и образование на нивните деца.
  • Дизајниравме програма за родители, наставни материјали и ресурси за обука за вклучување на семејствата како соработници и учесници во програмите за предучилишното воспитание и образование на нивните деца.
  • Обезбедивме техничка поддршка на најмалку десет градинки во воспоставувањето или унапредувањето на работата на советодавните центри за родители.
  • Ја промовиравме важноста на соработката со родителите и подигање на јавната свест за важноста на раното учење и развој.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }