Посебен додаток

За дете со попреченост до 26 години живот се обезбедува посебен додаток како паричен надоместок. Наод, оцена и мислење за потребата од остварување на посебен додаток дава стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста на лицата во менталниот или телесниот развој.

Дете со попреченост во смисла на Законот за заштита на децата е дете со:

  • тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој;
  • умерена, тешка или длабока ментална попреченост,
  • најтешки облици на хронични заболувања;
  • најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот (слепо лице и практично слепо лице;
  • практично глуво и тотално глуво лице;
  • лице со потполно отсуство на говорот,
  • лице со тешко оштетен говор поради детска парализа,
  • лице со аутизам,
  • лице со оштетен или изгубен порано стекнат говор 
  • Даунов синдром и
  • повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.

Право на посебен додаток има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејството со него, со постојано место на живеење во Република Северна Македонија, ако е детето државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија до навршени 26 години живот, доколку не е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита или друга установа со решение на центарот за социјална работа, освен во ученички дом или друга установа доколку детето треба да го продолжи задолжителното образование.

Висината на посебниот додаток за 2022 година изнесува 5.365 денари.

Износот на посебниот додаток се зголемува за 50% и за 2022 година изнесува 8.047 денари за самохран родител кој има дете со попреченост до 26 години живот.Износот на посебниот додаток се зголемува за 25% и за 2022 година изнесува 6.706 денари за материјално необезбедени родители, кои се корисници на гарантирана минимална помош кои имаат дете со попреченост до 26 години живот.

Износите на висините на посебниот додаток утврдени со Законот се усогласуваат со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

За самохран родител на дете за кое се остварува право на посебен додаток се смета родител на:

  • дете кое го издржува, ако другиот родител е починат,
  • дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител е во работен однос,
  • дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител не е во работен однос,
  • дете од разведен брак ако родителот кај кого детето живее не живее во брачна, односно вонбрачна заедница,
  • дете на кое едниот родител е непознат и
  • дете на кое едниот родител се води за исчезнат.

Постапката за остварување на правото за посебен додаток се поведува по поднесено барање на родителот, односно старателот на детето. Барањето за остварување на правото со потребна документација се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое подносителот на барањето има живеалиште или престојувалиште. Правото за посебен додаток се остварува од денот на поднесувањето на барањето.

Корисникот на правото на посебен додаток е должен надлежниот центар за социјална работа да го извести за секоја промена на фактите и околностите кои биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од денот кога настанале тие промени, во спротивно му престанува правото, како и во случај ако дал невистинити податоци.

Центарот за социјална работа по службена должност повремено, а најмалку еднаш годишно го преиспитува постоењето на фактите и условите за стекнување и користење на правото за заштита на децата и доколку утврди дека истите се променети, донесува ново решение. По жалба против решението на центарот за социјална работа како првостепен орган решава Министерството за труд и социјална политика како второстепен орган.

Барање за остварување на правото на посебен додаток се поднесува на Образец БПД/2 „Барање за остварување на право на посебен додаток“- ПРИЛОГ бр.2 БПД/2.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }