Објавено на: 05.01.2022
Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ,, бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ со прилог поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кое не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Друштво за производство, трговија, угостителство и услуги ДИ-ЕН-ДИ ДООЕЛ увоз-извоз Тетово, со седиште на ул.,,Љубо Божиновски-Пиш,, бр.8, Тетово со ЕДБ 4028008502435, за предмет бр.20-8251/21 по прекршочно барање ИП1 бр.09-70 од 17.12.2021 година;
2. Друштво за угостителство, трговија, производство и услуги АЛЕКСАНДРИЈА КОВЕР ДООЕЛ Скопје со седиште на ул.,,Лука Геров 10,, бр.17, Ново Село, Ѓорче Петров, Скопје со ЕДБ 4057011512395 и Коста Пројчев со адреса на живеење бул.,,Партизански одреди,, бр.77/1-18, Скопје за предмет бр.20-7116/21 по прекршочно барање ИП1 бр.09-1030 од 28.10.2021 година.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул.,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барање за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување: Оваа соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика ќе се смета за уредно доставување, што е во согласност со член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците. Согласно член 60 став 3 од Законот за прекршоците, прекршочниот орган ќе го извести сторителот за прекршокот што му се става на товар и го поучува дека во рок од три дена од денот на приемот на известувањето има право да се изјасни за фактите и доказите.
Доколку горенаведените лица во рок од 3 дена по приемот не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи