Објавено на: 29.12.2023
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за труд и социјална политика, Комисиjaтa за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 19-8722/4 (врска број 19-5981/3-23) од 02.11.2023 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Друштво за туризам и услуги ГЛОБАЛ (Орфеј) травел сервис & тур оператор ДООЕЛ Скопје, со седиште на Ул. Кеј 13-ти Ноември бр. ГТЦ 1 кат/локал 26, Скопје, како одговорно правно лице и
2. Драган Поповиќ, од Подгорица, Црна Гора, на адреса Ул. Кеј 13-ти Ноември бр. ГТЦ 1 кат/локал 26, Скопје, како одговорно лице на правното лице.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев“ бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи