Објавено на: 12.11.2024

Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи и од областа на безбедност и здравје при работа при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:        

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

Министерството за труд и социјална политика, Комисијата за одлучување по прекршок од областа на работните односи соопштува на наведеното правно и одговорно лице дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ бр. 20-3855/3 од 17.09.2024 година, по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител. Поради тоа писменото се објавува на интернет страницата на министерството, за :

1.ДТУ КОМПАНИЈА БОЖИНОВСКИ Дооел, Скопје, со седиште на бул. “Јане Сандански” бр.72, Аеродром, Скопје, како правно лице.2.Дафинка Божиновска, со адреса на живеење на ул.40 бр.1, Стајковци, Гази Баба, Скопје, како одговорно лице во правно лице.

Се повикува горенаведеното правно и одговорно лице во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев“ бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на РЕШЕНИЕ секој работен ден од 7:30-16:30 часот. 

Предупредување: Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

Комисија за одлучување по прекршок од областа на работните односи 


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }