Објавено на: 12.11.2024
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи и од областа на безбедност и здравје при работа при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за труд и социјална политика, Комисијата за одлучување по прекршок од областа на работните односи соопштува на наведеното одговорно (физичко) лице, сторител на прекршок по Законот за работните односи дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ бр. 20-3456/3 од 04.09.2024 година, по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител. Поради тоа писменото се објавува на интернет страницата на министерството, за:
1.Енида Норнилд, со адреса на живеење на ул. ,,Костурски Херои“ бр.57-11, Скопје.Се повикува горенаведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев“ бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното Решение секој работен ден од 7:30-16:30 часот.
Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисија за одлучување по прекршок од областа на работните односи