Објавено на: 12.11.2024

Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи и од областа на безбедност и здравје при работа при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:        

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

Министерството за труд и социјална политика, Комисијата за одлучување по прекршок од областа на работните односи соопштува на наведеното правно лице дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ бр. 20-4663/3 од 20.09.2024 година, по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител. Поради тоа писменото се објавува на интернет страницата на министерството, за:

1.ДГТУ ВИН КОМПАНИ Дооел, Скопје, со седиште на бул. “Пандил Шишков” бр.4-2/3-16, Аеродром, Скопје, како правно лице.

Се повикува горенаведеното правно и лице во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев“ бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на РЕШЕНИЕ секој работен ден од 7:30-16:30 часот. 

Предупредување: Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

Комисија за одлучување по прекршок од областа на работните односи 


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }