РЕЗУЛТАТ 1: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УПРАВУВАЊЕТО, ПОЛИТИКИТЕ И СТАТИСТИКИТЕ ВО СЕКТОРОТ „ОБРАЗОВАНИЕ, ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА“
ПРОЕКТ „ЈАКНЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ”

Општи податоци за проектот
Проектот „Јакнење на социјалниот дијалог” се спроведе во рамките на ИПА Акциската програма 2017. Проектот започна во декември 2018, а заврши во декември 2021 година. Проектот беше ко-финансиран од ЕУ, а спроведен од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Вредноста на договорот беше 1.186.360 евра, од кои 999.983,00 евра беа неповратни грант средства од ИПА.
Цел на проектот
Проектот „Јакнење на социјалниот дијалог” имаше за цел да се зголеми ефикасноста и релевантноста на социјалниот дијалог во насока за создавање повеќе и подобри работни места.
Проектот значително допридонесе кон зајакнување на улогата на економско-социјалните совети и социјалните партнери во креирањето и имплементацијата на политиките на различни нивоа.
Проектот беше структуриран во три компоненти:
1. Зголемено учество на Економско-социјалниот совет во обликување на националната економска и социјална реформа,
2. Зајакнато учество на локалните економско-социјални совети во формулирањето и спроведувањето на локалните политики за вработување,
3. Зголемена ефективност на синдикатите и организациите на работодавачи.
КОМПОНЕНТА |
АКТИВНОСТИ |
Компонента 1
Зголемено учество на Економско-социјалниот совет во обликување на националната економска и социјална реформа
|
1. Обука на членовите на постојаните комисии на Економскиот и социјален совет;
2. Социјален дијалог за Целите за одржлив развој и приоритетите на ЕУ acquis;
3. Предлог за ревизија на владината постапка и вклучување на мислењата на Економско- социјалниот совет во официјалната постапка;
4. Техничка поддршка на Националниот економски-социјален совет (НЕСС) во изработката на извештаи за имплементацијата и влијанието на економската, социјалната и трудовата реформа;
5. Трипартитно истражување на клучните области за создавање поволна средина за одржливи претпријатија;
6. Ревизија на Стратегијата за комуникација на Економско-социјалниот совет;
7.Развој и имплементација на две медиумски кампањи.
|
Компонента 2
Зајакнато учество на локалните економско-социјални совети во формулирањето и спроведувањето на локалните политики за вработување
|
1. Надградба на комуникациската платформа на Локалните економско-социјални совети;
2. Избор на еден Локален пакт за вработување;
3. Дополнителна обука на партнерите од Локалниот пакт за вработување;
4. Имплементација на Локалниот пакт за вработување.
|
Компонента 3
Зголемена ефективност на синдикатите и организациите на работодавачи
|
1. Организации на работодавачи и синдикати-Имплементиран стратегиски и маркетинг план
2. Грантови за модернизација или развој на нови услуги
|
Постигнати резултати
Резултат 1: Унапредено учество на Економскиот и социјален совет во формулирањето на националната агенда за економски и социјални реформи.
- Зголемен капацитет на Економскиот и социјален совет да дава квалитетни и информирани мислења до Владата.
- Унапреден правен и институционален модел за функционирање на Економско-социјалниот совет.
- Развиена и имплементирана трипартитна акциска програма од страна на националниот и локалните Економско-социјални совети.
- Подготвени извештаи на Економско-социјалниот совет за следење на влијанието на економските и социјалните реформи.
- Подготвен Патоказ за поволна бизнис-клима за одржливи претпријатија во Република Северна Македонија, што опфаќа проценка на екосистемот за претприемништво, предлог политика за претприемничка култура и бариери за пристап до финансии за малите и средните претпријатија.
- Анализа на процедурите за колективно договарање, со фокус на механизмите за утврдување на платите.
- Спроведени две кампањи од страна на Економскиот и социјален совет во координација со локалните економски и социјални совети
- Мој труд, Мои права! https://mojtrudmoiprava.mk/ со 128.000+ прегледи и 34.000 корисници. 500 ученици од средните училишта од 12 градови беа обучени за основните работнички права. 500+ учесници од 56 средни училишта зедоа учество во квизови.
- Да имаш внимателен персонал – Грижи се за твојот персонал – кампања за формализација на непријавената работа со 5000+ корисници. Беа организирани три настани со присуство на 500+ луѓе; Беа продуцирани две видеа со 180.000 прегледи- https://www.facebook.com/FormalizirajJaRabotata
Резултат 2: Унапредено учество на локалните Економски и социјални совети во формулирањето и имплементацијата на локалните политики за вработување.
- Создадена мрежа на локални економско-социјални совети со целосно функционална платформа за соработка и комуникација.
- Развиени четири локални партнерства за вработување од страна на локалните економско-социјални совети.
- Обновени 10 локални економско-социјални совети (ЛЕСС).
- Надградена платформа за видливост и комуникација на ЛЕСС- https://less.mk/
- Креирани 35 работни места и 8 стартапи поддржани со грантови како резултат на имплементацијата на првото локално партнерство за вработување – Битола Стартап центар.
Резултат 3: Зголемена ефективност на синдикатите и организациите на работодавачи.
- Ревидирани и имплементирани стратешки и маркетинг планови на организациите на работодавачи и синдикатите.
- Воведени/ модернизирани 10 нови услуги врз основа на проценка на потребите на членките што резултираше и со зголемено членство на социјалните партнери.
Веб страница на проектот: https://socijalendijalog.mk