Листа на барања и одговори во 2022 година
1. Барање бр.14-122/4: Дали Секторската работна група за интеграција на Ромите во текот на 2021 година има изработено Акциски документ за некоја од програмските документи на ИПА III каде е вклучена родовата перспектива? Дали при изготвување на акцискиот документ биле изработени и користени родови анализи?
2. Барање бр.14-122/5: Дали во рамки на Министерство за труд и социјална политика во текот на 2021 година биле организирани обуки за родово одговорно/родово сензитивно работење? Доколку се организирани, доставете ни информации за тоа кој ги организирал овие обуки, дневен ред материјалите за обуките, како и информацијата дали на обуките присуствувале некои од вработените во министерството – членови на секторската работна група за интеграција на Ромите? Дали при креирањето на политики во текот на 2021 година од страна на Министерството за труд и социјална политика биле изработени и/или користени родови анализи? Ако одговорот е на ова прашање е потврден, доставете ни како одговор на барање?
3. Барање бр.14-732/1: Број на деца вклучени во предучилишно образование во учебната 2020/21 според мерката родители ослободени од партиципација (ве молам наведете ги градинките кои вклучиле деца Роми според оваа мерка)? Дали во текот на 2021 година се одржа конференција за жени Ромки? Дали МТСП го припреми поглавјето за социјално домување во рамки на Законот за социјално домување? Дали може да споделите информации во однос на тој дел. Ве молам да ни доставите информации во однос на пилот активностите за времено згрижување на бездомни лица. Ве молиме да не информирате за активностите преземени во рамки на лицата времено згрижени под Кале и полит програма за времено згрижување на социјално ранливи категории во приватно сместување преку плаќање на кирија. Ве молиме да не информирате за спроведените активности од страна на Одделението за имплементација на Декадата и Националната Стратегија за Роми во текот на 2021 година. Дали во текот на 2021 се одржаа средби на Националното Координативно тело за Роми? Доколку да, дали ќе може да ги споделите извештаите од средбите. Ве молиме да не информирате за имплементираните активности во врска со решавање со проблемот на нерегистрираните лица во матичната книга на родени преку имплементација на Законот за лицата без регулиран граѓански статус. Ве молиме да не информирате за спроведените активности во врска со децата на улица.
4.Барање бр.14-923/1: Колку деца се регистрирани дека се сместени во ПТЦ Винојуг во периодот од 01 октомври 2021 до 31.12.2021 година? Внесете и пол и возраст на децата. Колку непридружувани деца се регистрирани дека се сместени во Транзит центарот Винојуг во периодот од 01.октомври 2021 до 31.12.2021 година Ве молам внесете пол и возраст на децата. Колку старатели се поставени на деца мигранти кои оствариле ирегулиран влез во државата во периодот од 01 октомври 2021 до 31.12.2021 година? Во просек, еден старател на колку деца мигранти е поставен периодот од 01.октомври 2021 до 31.12.2021 година? Колку е просечен период за поставување на старател на деца мигранти? Ве молиме наведете помалку од 1 недела, помеѓу 1недела и 1месец или повеќе од 1 месец? Во просек колку време престојувале децата во Прифатно Транзитен центар Винојуг? Ве молам внесете пол и возраст на децата. Дали се регистрирани деца кои исчезнале од Транзитниот центар Винојуг во периодот од октомври 2021 до 31 декември 2021 година? Ве молам внесете пол и возраст на децата?Колку посети се остварени во транзит центарот Винојуг во периодот од октомври 2021 до 31 декември 2021 година. Ве молам наведете од страна на кои организации кои вршат мониторинг на условите? (Обдусман, Комитет за тортура, Совет на Европа, Обединетите нации, НВО итн.) Со колку доктори располага Транзит центарот Винојуг?
5.Барање бр.14-922/1: Корисници на парична помош за трето дете според етничката припадност во 2019, 2020 и 2021 година. Животниот век на граѓаните во Република Македонија според етничката припадност во 2019, 2020 и 2021. Корисници на минимална плата според етничка припадност во 2019, 2020 и 2021 година.
6.Барање бр.14-491/1: Кои национални политики (стратегии, закони и програми) беа усвоени во текот на 2021 година во секторот социјална политика и вработување?
7. Барање бр.14-1576/1: Број на поднесени пријави до центрите за социјална работа за родово базирано – насилство врз жените и семејното насилство за период 2019 година до 2021 година.
8.Барање бр.14-1575/1: Дали МТСП располага со статистички податоци за корисниците на лична асистенција (ЛА) поделени по пол (жени и мажи/ девојчиња и момчиња), возраст и место на живеење/ надлежен ЦСР? Ако да, Ве молиме да ни ги приложите доставите за 2019,2020 и 2021.
9.Барање бр.14-1831/1: Дали нерегистрираните лица во матичната книга на родените коишто имаат посебен извод од посебната матична книга на родените и идентификациона исправа согласно Законот за нерегистрирани лица од матичната книга на родените имаат право на социјална парична помош?
10.Барање бр.14-1870/1:Во период 2018-2021 година, колку предлози за изрекување на привремени мерки за заштита на жртви на родово базирано и семејно насилство од Центрите за социјална работа се поднесени? Ве молиме наведете ги информациите поделени по години, видови на привремени мерки и центри за социјална работа.
11.Барање бр.14-174/1: Кои се мерките за родова еднаквост и зајакнување на жени кои се предвидени во програмите и потпрограмите на министерството за 2019, 2020 и 2021 како дел од Годишниот план за работа на министерството за 2019, 2020 и 2021, согласно Упатството за начинот на постапувањето на министерствата и другите органи на државната управа во процесот на подготвување на стратешкиот план за работа усвоен од Влада на РСМ на 10.07.2018.
12. Барање бр.14-476/1: Кои мерки за родова еднаквост и зајакнување на жени кои не се дел од програмите и потпрограмите на министерството се донесени од страна на министерството во 2019, 2020 и 2021 година (согласно Закон за организација и работа на органите на државната управа)?
13. Барање бр.14-122/1: Кои национални политики (стратегии, закони и програми) беа усвоени/изменети во текот на 2021 година во областа на интеграција на Ромите?
14. Барање бр.14-1851/1: Дали Mинистерството за труд и социјална политика изработи Годишен оперативен план за имплементација на НАП-от за ИК за 2021 година? Доколку да, дали е достапен на веб страната?
15. Барање бр. 14-2345/1: Број на жртви на родово базирано насилство, разделени по пол, возраст и етничка припадност; Број на жртви од семејно насилство разделени по пол, возраст и етничка припадност; Број на корисници на паричен надоместок, разделени по пол, возраст и етничка припадност; Број на сместени жртви во сигурни куќи, разделени по пол, возраст и етничка припадност
16. Барање 14-2091/1: Колку вкупно средства се издвоени и потрошени за спроведување на Национална медиумска кампања за подигање на свест за сите форми на родово базирано насилство/промовирање на родова еднаквост и елиминирање на стереотипите за родовите улоги согласно Националниот акциски план на Конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство 2018-2023 (НАП). Ве молиме податоците поделете ги по година – за 2019, 2020 и 2021 година.
17.Барање 14-2346/1: Колку од регистрираните лица во посебната матична книга на родените, во 2021 година имаат користено право на социјална заштита, вработување со задолжително социјално осигурување, согласно со чл 11 од Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (Сл.весник бр.42/20), вкупно и по општини.
18.Барање 14-2471/1: Колку члена моментално брои кабинетот на министерот за труд и социјална политика, кои се тие и која е нивната титула и позиција, како и нивните работни задачи и обврски? Кои се кабинетски службеници и државни и посебни советници на министерот? Дали има анагажирано надворешни советници и ако е така кои се тие и колку изнесува нивниот хонорар?
19.Барање 14-2470/1: Колку е процентот или вкупен број на луѓе со македонско државјанство кои побарале азил во Европска Унија за периодот од 2018-2021 година? Кој е процентот или вкупен број на луѓе со македонско државјанство кои побарале азил во Германија за периодот од 2018-2021 година? Кој е вкупниот број на повратници од ЕУ (македонски државјани одбиени баратели на азил во Европска Унија кои се вратени во Р.С.Македонија за периодот од 2018-2021 година?
20.Барање 14-1902/1:Согласно предвидените обврски и активности кои како надлежна институција сте задолжени да го спроведете или да ги подржите и се предвидени во НАП – от (2018-2023), а и согласно годишниот оперативен план за 2021, ве замолувам да ни доставите известување дали се спроведени сите активности предвидени во годишниот план за работа од 2019 година и кои дополнително активности ги реализирате за 2020 година и 2021 година?
21.Барање 14-2605/1: Поединечни доделени средства преку Министерството за труд и социјална политика до крајните корисници од буџетска ставка 463- Трансфери до невладини организации, во 2021 година (Табела 1; )Поединечно доделени средства преку Министерството за труд и социјална политика до крајните корисници – невладини организации од друга буџетска ставка (различна од 463 – Трансфери до невладини организации) во 2021 година (по примерот на Табела 1).
22.Барање 14-2311/1: Во периодот 2019-2021 година, колку жртви на насилство поради сексуална ориентација и родов идентитет се сместени во засолништата. Ве молиме податоците поделете ги по години, за секое засолниште поединечно, форма на преживеано насилство?
23.Барање 14-2925/1: Колку од јавните детски градинки имаат вработено медицинско лице (доктор на медицина или медицинска сестра) согласно член 136 став 7 и 9 од Законот за заштита на децата и на кое ниво се истите распределени согласно став 2 и 4 од истиот член.
24.Барање 14-2937/1: Статут на Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија Битола, како и доколку има посебен на синдикалната подружница ФОД Новаци при синдикална организација на АД ЕЛЕМ (Прилог)
25.Барање 14-3455/1: Дали постојат пишани наредби за иселување на засегнатите лица? Доколку постојат ве молиме доставете ни копија од наредбите за секое семејство? Каква понуда на алтернативно сместување е дадена на засегнатите лица кои би останале без покрив над глава доколку бидат присилно иселени од контејнерските живеалишта кон крајот на месец Март 2022? (Прилог на одговорот)
26.Барање 14-3233/1: Дали во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2022 година сте користеле услуги на надворешни физички и/или правни лица за спроведување на постапките за јавни набавки?
27.Барање 14-3410/1: Дали на вработените во Министерството за труд и социјална политика им е исплатен регрес за 2021 година, Агенција за вработување на РСМ и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на С. Македонија согласно Закон за буџет од 2021 година а во врска со потпишаниот Грански Колективен Договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија (Сл. Весник бр. 51/2020 од 25.02.2022) како и измените на истиот.
28.Барање 14-3486/1: Дали постои законски основ или друг основ утврден со друг акт-Колективен договор и слично согласно кој за времетраењето на штрајк на вработените во јавните установи – детски градинки, согласно кој се забранува склучување на Договори за прифаќање и згрижување на деца помеѓу детските градинки и родител/старател.
29.Барање 14-3674/1: На колку вработени (во јавниот сектор) им престана работниот однос во институцијата, наведено по звање, образование, година на работно искуство и основ на престанок на работниот однос, за 2020, 2021 и првите 4 месеци од 2022 година поединечно за секоја година? Колку нови вработувања и преземања (од јавниот сектор) се направени од институцијата, наведени по звање, образование, година на работно искуство и основ за започнување на работниот однос, за 2020, 2021 и првите 4 месеци од 2022 година поединечно за секоја година? Колку вработени на определено време, авторски договор и/или друг основ ангажирала институцијата, наведени по звање, образование, години на работно искуство, основ за започнување на работниот однос и траење на договорот (доколку и за што е возможно), за 2020, 2021 и првите 4 месеци од 2022 година поединечно за секоја година?
30.Барање 14-3566/1: Статут со кој е основана Синдикалната подружница ФОД Новаци, при Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија Битола, како и сите измени направени во текот на постоењето на синдикалната подружница.
31.Барање 14-4959/1: Дали Министерството има ангажирано Советник за прашања од областа на безбедност и здравје при работа?
32.Барање 14-5337/1: Дали во периодот 01.01.2021 до 31.12.2021 година имате реализирани вработувања на определено време?
33.Барање 14-5501/1: Изводи од службена картичка на министерот за труд и социјална политика во периодот од 30 август 2021 до 01 јули 2022 година. (Прилог)
34.Барање 14-5861/1: Би сакале да знаеме колку од лицата кои отслужиле затворска казна во моментот примаат постпенална помош? Дали постои друг тип на социјална помош во надлежност на Министерството за труд и социјална политика која е наменета за лица кои отслужиле затворска казна? Колкав е бројот на лица кои во моментот користат било каков тип на социјална помош по излегување од затворите од самото министерство?
35.Барање 14-6518/1: Листа на програми и проекти во последните три години (2020, 2021 и 2022) (секоја поединечно) кои се спроведуваат во Источниот и Југоисточниот плански регион со кои им се дава социјална помош на следните категории на корисници: лица со интелектуална попреченост, лица со сетилна попреченост, лица со физичка попреченост, лица кои живеат со хронични или ретки болести, лица зависници од дроги. Листа на програми и проекти во последните три години (2020, 2021 и 2022) (секоја поединечно) кои се спроведуваат од Источниот и Југоисточниот плански регион преку кои на погоре наведените категории на корисници им јакнат и/или им се подобруваат условите за да се појават на пазарот на труд.
36.Барање 14-6520/1:Потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпад од пакување; Потврда за склучен договор за преземање на обврска за постапување со отпадна опрема која е основа за ослободување од плаќање надоместок за управување со отпадна опрема и Потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори.
37.Барање 14-6519/1:Број на жртви на родово базирано насилство, разделени по пол, возраст и етничка припадност; Број на жртви на семејно насилство, разделени по пол, возраст и етничка припадност; Број на корисници на парична надоместок разделени по пол возраст и етничка припадност; Број на сместени жртви во сигурни куќи, разделени по пол, возраст и етничка припадност за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година и 01.01.2022 до 31.08.2022 година
38. Барање 14-4958/1:Дали и кои лица се ослободени од плаќање партиципација со потврда издадена од МТСП за плаќање на стоматолошки услуги? Дали и какви видови потврди издава МТСП за ослободување од партиципација на стоматолошки услуги?
39.Барање 14-6225/1:Барам увид на предмет бр. 3147-6777/19 за туѓа нега и копија од записник од инспекција на МТСП и наод од комисијата.
40.Барање 14-7618/1: Дали лицата кои се приматели на социјални услуги треба да партиципираат за правото за згрижување на децата за воспитание, одмор и рекреација во јавните установи – градинка? Дали се ослободени од партиципација Ве молиме да ни наведете кои категории на граѓани може да го користат ова право?
Листа на барања кои не се во надлежност на МТСП
Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.