28.10.2022

Доделени признанијата во изборот за Национална награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа 2022          

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во овогодинешниот избор за Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа 2022.

Доделувањето на наградите се реализираше во рамките на настанот за одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа, кој се одржа на 28 октомври во х.Holiday Inn во Скопје, во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа и со поддршка од Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Согласно резултатите од оценката на компаниите направена од страна на стручните комисии (составени од стручни лица по безбедност при работа и доктори по медицина на трудот), добитници на признанијата оваа година се компаниите: 

  • МАКСТИЛ, Скопје,
  • КНАУФ-РАДИКА, Дебар  и
  • КОМФИ АНГЕЛ, Прилеп.

„Задоволна сум што и оваа година имавме компании што се пријавија на изборот и кои навистина имаат со што да се пофалат кога е во прашање имплементацијата на БЗР стандарди и грижата за здравјето и безбедност на своите вработени.  Разликата во освоените бодови кај компаниите и овој пат беше навистина мала, што говори за тоа дека сите овие компании отишле и многу подалеку и воспоставиле системи и стандарди кои ги надминуваат законски предвидените минимални услови и мерки“, истакна министерката Тренчевска.

Министерката при доделувањето на наградите им се заблагодари на компаниите – учесници на Изборот ова година за учеството на повикот, но пред сè за напорите и инвестициите кои овие компании ги вложуваат за постојано подобрување, унапредување и модернизирање на системите за БЗР.   Таа истакна и дека и покрај неповолните состојби со кои компаниите се соочуваат во овој период како што е пандемијата, економската и енергетската криза, тие сепак ги останаа доследни на постојаното подобрување, унапредување и модернизирање на системите за БЗР.

На останатите компании кои учествуваа на изборот, Претседателката на Советот за БЗР, Проф.д-р. Јасмина Чалоска им додели пригодни Благодарници за нивното учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР - 2022 година, како и за континуираните напори за подобрување и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и креирање на здрава и безбедна средина за вработените. 


Кратки презентации од најдоброрангираните компании оваа година:

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }