(25.10.2021) Европска недела за БЗР (25-29 октомври 2021 година)
Во периодот од 25 до 29 октомври 2021 година се одбележува Европската недела за безбедност и здравје при работа, која е посветена, пред сè на подигнување на свеста кај јавноста и кај сите засегнати чинители за важноста и бенефитите од воспоставувањето и имплементацијата на ефикасни системи, политики и мерки за заштита и зачувување на здравјето и безбедноста на работниците на работните места. Подигнување на свеста за важноста на активното и партиципативно управување со безбедноста и здравјето на работното место.
![](content/images/BZR2021/Europ_Week_OSH.jpg)
Во текот на оваа недела, ширум Европа се организираат различни настани, како семинари, прес конференции, презентации, промотивни настани, обуки и сл., кои се посветени на актуелни теми и прашања од областа на БЗР. Поради состојбите поврзани со пандемијата на COVID-19, и оваа година дел од нив се одржуваат on-line и поинаку од вообичаената и востановена пракса. Во одбележувањето се вклучува и Република Северна Македонија, преку организирање на различни настани од страна на повеќе субјекти во областа на БЗР.
![](content/images/BZR2021/Europ.Week OSH 2.jpg)
Во фокусот на Европската недела за БЗР се наоѓа тековната Кампања за здрави работни места „Олеснете го товарот“, која се координира и спроведува од страна на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) во периодот од 2020 до 2022 година.
Темата на оваа двегодишна Кампања во областа на БЗР која се реализира во сите земји-членки на Европската унија и земјите кандидати за членство, e превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, како еден од најзастапените здравствени проблеми кои се јавуваат кај работниците во Европа, а се директно поврзани со работата и работните места.
Повеќе информации: