Одбележан „28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа“ со on-line настан во организација на Советот за БЗР и Министерството за труд и социјална политика на тема „Да инвестираме сега во силни и флексибилни системи за БЗР !“

На настанот организиран по повод одбележувањето на 28 април - Светскиот ден за БЗР, учество земаа претставници од Советот за безбедност и здравје при работа, Меѓународната организација на трудот, Државниот инспекторат за труд, Институтот за медицина на трудот, претставници на социјалните партнери, претставници на здруженија на стручни лица за безбедност при работа и на доктори по медицина на трудот, претставници од повеќе компании и останати релевантни субјекти од областа.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на почетокот од своето обраќање изрази задоволство за учеството во овој значаен настан, со кој и оваа година, нашата држава се придружува кон меѓународната глобална иницијатива, поддржана од Меѓународната организација на трудот, за одбележување на 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа.

„Одбележувањето на 28 април треба сите да не поттикне заеднички да работиме и на подигнување на јавната свест за безбедноста и здравјето при работа, затоа што сите ние заеднички ја споделуваме и одговорноста и обврската да работиме на превенирање на несреќите, смртните случаи, повредите и заболувањата поврзани со работата. А колку е тоа навистина важно и неопходно, ни покажа, меѓу другото, токму и оваа пандемија со која живееме еве веќе втора година“, истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека уште од почетокот се покажа дека пандемијата има силно влијание врз речиси сите аспекти на работата. „Сведоци сме дека сите работници, работодавачи, бизниси, сектори, институции итн., се на различни начини силно погодени од оваа здравствена криза, како и од неопходните мерки кои се преземаат за спречување на ширењето на заразата. И токму преземањето на соодветни мерки во областа на БЗР ја има и една од најважните улоги во превенцијата и спречувањето на заразата, а со самото тоа и во заштитата на здравјето на работниците и воопшто, на целата популација“. 

„Се потврдува дека е од суштинско значење постојано да се инвестира во силни, прилагодливи системи за БЗР, кои ќе можат да одговорат на моменталните, но и на идните евентуални ризици, опасности и предизвици по здравјето и безбедноста на работните места“, рече Шахпаска.

Беше изразено убедување дека од оваа исцрпувачка и долготрајна битка ќе излеземе уште посилни, со многу повисока свест, многу научени лекции и подготвеност заеднички да работиме уште повеќе и поодговорно во насока на обезбедување на безбедна и здрава работна средина за нашите работници. Свесни дека подигнувањето на превентивната култура на работните места и подобрувањето на безбедноста и здравјето при работа во вакви и слични кризни ситуации, е клучен фактор кој придонесува и кон системот на јавното здравје и заштитата на населението во целост. 

 

На настанот, свое обраќање до присутните имаа и проф. д-р. Јасмина Чалоска, Претседателка на Советот з БЗР, г-динот Емил Крстановски, Национален координатор на Меѓународната организација на трудот, м-р. Јована Тренчевска, Директорка на Државниот инспекторат за труд, како и Претседателите на репрезентативните социјални партнери сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија – г.динот Дарко Димовски и г-динот Ангел Димитров.

 

Во продолжение, присутните ја проследија презентацијата на д-р. Александар Петличковски, Раководител на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на тема „COVID-19 и работното место: Како да се остане здрав и безбеден?“.

Настанот беше заокружен со кратка презентација на тековната Европска БЗР кампања за здрави работни места: „Олеснете го товарот“, која во овој двегодишен период (2020-2022 година) е фокусирана на превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата.

 


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }