28.10.2022

Одбележана Европската недела за безбедност и здравје при работа 2022

По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа (24-28.10.2022 год.), Министерството за труд и социјална политика, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје организираа пригоден настан (конференција) за одбележување на овој датум. Главната цел на настанот беше преку програмата и со заедничко учество и придонес на сите субјекти да се даде значаен придонес кон подигнувањето на свеста за значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места. 

Со организацијата на оваа конференција и Република Северна Македонија се приклучи и ја даде својата поддршка кон одбележувањето на Европската недела за БЗР (24-28.10.2022 год.), во кој период низ цела Европа, во сите земји-членки на ЕУ, како и во земјите кандидати за членство во Унијата, се организираат огромен број на најразлични настани (кампањи, конференции, семинари, изложби, обуки итн.). Сите тие, во суштина, имаат една заедничка цел – промовирањето на Европската кампања за здрави работни места и се целосно посветени на подигнувањето на свеста кај сите субјекти за прашањата поврзани со важноста, улогата и бенефитите од имплементацијата и почитувањето на мерките за безбедност и здравје при работа во сите компании и на сите работни места.


Настанот со своите воведни и поздравни обраќања го отворија Министерката за труд и социјална политика - Јованка Тренчевска, претставник од Делегацијата на Европската унија во нашата држава – Миха Пезељ, Директорот на фондацијата ФЕС – Рене Шлее и  претседателката на Советот за безбедност и здравје при работа – Јасмина Чалоска.
Централен дел на Конференцијата беше доделувањето на овогодинешните Национални награди за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа - 2022. Изборот како и секоја година е во организација на Советот за БЗР, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и со вклученост на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот кои учествуваа во оценката на компаниите кои се јавија на отворениот повик за учество во Изборот.  

Вториот, тематски дел од Конференцијата беше посветен на темата „Насилство и вознемирување на работа и психо-социјални ризици на работното место“, тема која е особено актуелна и од големо значење, имајќи во предвид дека се однесува на современи и распространети ризици со кои се соочуваат голем број на вработени на своите работни места.

Во овој дел од настанот свои обраќања и презентации на темата имаа Координаторот на Меѓународната организација на трудот – Емил Крстановски, претставникот на Европската агенција за безбедност и здравје при работа од Билбао, Шпанија (EU-OSHA) – Микеле Динели, претставничката од Институтот за медицина на трудот – др. Анета Атанасова и претставничката од Државниот инспекторат за труд – Маја Цветановска Аднонов.   

Со своите презентации и излагања, тие пред присутните дадоа свој осврт и видувања од различни аспекти на темата која беше во фокусот на овој дел од програмата.

Во прилог се Агендата и презентациите од Конференцијата:

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }