09.04.2024
Дечињата од „Светот на колорес" во посета на Министерството за труд и социјална политика
Денеска во посета на Министерството за труд и социјална политика беа дечињата од приватната градинка „Светот на колорес".
![](content/images/2024/april/9_4_4.jpg)
Во рамките на воспитно-едукативните активности, децата од „Светот на колорес" се запознаваат со различните професии и функции.
![](content/images/2024/april/9_4_1.jpg)
Токму тоа беше и целта на денешната посета на Министерствотото за труд и социјална политика.
![](content/images/2024/april/9_4_3.jpg)
Во министерството, дечињата се запознаа со министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, неговата работа, како и со работата на министерството.