29.02.2024

Средба на Велковски со директорите на Јавните установи за згрижување и воспитување на деца

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со директорите на детските градинки од цела Македонија, на која се разговараше за сите затекнати проблеми во детските градинки ширум државата и реалните можности за нивно решавање во периодот на техничка влада и по изборите на 8 мај.

Повеќе

28.02.2024

Соопштение 

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната 2023/2024 година. Со оваа исплата се опфатени 33.261 корисник на образовен додаток на ниво на држава.

Повеќе

23.02.2024

Финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани е на нивните сметки

Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош за месец февруари согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.

Повеќе

21.02.2024

Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар  

Министерот за труд и социјана политика, Ѓоко Велковски денeска оствари работна средба со раководствата на сите центри за социјална работа во државата, а се со цел да се исклучат сите можности за злоупотреба на системот во изборниот процес.

Повеќе

20.02.2024

Започна расчистувањето на Ранка Милановиќ"

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски по вчерашното обелоденување на проблемот со кој се соочуваат бездомните лица во „Ранка Милановиќ", денеска заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја започнаа акцијата за чистење на отпадот од дворот на објектот. 

Повеќе

15.02.2024

Претходното раководство придонело за затворање на засолништето за жртви на семејно насилство во Свети Николе

По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот Ѓоко Велковски веднаш го посети овој објект и наиде на затворени врати.

Повеќе

13.02.2024

На 23 февруари 2024 година ќе се изврши исплата на финансиска поддршка

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани:

  • корисници на посебен додаток;         
  • корисници на правото на надоместок заради попреченост;         
  • самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и         
  • корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари. 
Повеќе

12.02.2024

8 негователи на 150 стари лица во Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” во Куманово

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска беше во посета на ЈОУ Дом за стари лица ,,Зафир Сајто” во Куманово. Велковски се сретна со старите лица сместени во оваа институција и разговараше со нив.

Повеќе

09.02.2024

Велковски: Со квалитетни политики и поголема институционална проактивност ќе ги подобриме демографските трендови во државата

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска оствари средба со постојаниот координатор на Обединетите нации, Росана Дуџак и шефот на канцеларијата на Фондот за население на ОН (УНФПА), Афродита Шаља, во чиј фокус беше процесот на креирање нова Стратегија за демографски политики за периодот 2024-2044.

Повеќе

09.02.2024

Велковски: Се заложувам за обезбедување повеќе и подобри можности за лицата со попреченост 

"За да обезбедиме повеќе и подобри можности за лицата со попреченост во државата, воспоставуваме континуирана комуникација со здруженијата и организациите кои ги застапуваат. Тоа е нешто што недостасувало во изминатите неколку години, а всушност не можете нешто да смените на подобро, ако во креирањето на промените не ги вклучите луѓето што се соочени со одреден предизвик за кој се бара решение". 

Повеќе

08.02.2024

Средба Велковски – Гир: ЕУ останува силен поддржувач на државата во заложбите за намалување на невработеноста и унапредување на социјалната и детската заштита 

Европската унија ќе продолжи да обезбедува финансиска и логистичка поддршка за креирање на квалитетни политики и мерки кои ќе ги унапредуваат системите за социјална и детска заштита и ќе ја подобруваат состојбата на пазарот на трудот преку подигнување на вработливоста на граѓаните и намалување на стапката на невработеност. 

Повеќе

07.02.2024

Инклузијата на децата Роми и понатаму високо на листата на приоритети во сферата на социјалната и детската заштита

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и претставниците од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ и претставниците од Ромскиот Ресурсен Центар, при посетата на детската градинка “Астибо” во Штип, го поздравија имплементирањето на Проектот за проширување на пристапот и вклучувањето на децата Роми во услугите за ран детски развој и основно образование. 

Повеќе

06.02.2024

Велковски: Преку соодветно вреднување на трудот на вработените, ќе ја подигнеме ефикасноста на центрите за социјална работа

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски од денес во редовна обиколка на центрите за социјална работа ширум државата. Тој ќе разговара со стручните работници во овие институции за да ги слушне проблемите со кои се соочуваат.

Повеќе

05.02.2024

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2024 година.

Повеќе

02.02.2024

Средба на министерот Велковски со претставници од Светска Банка 

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со претставници од Светска банка, Сара Кол Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места  и Бојана Нацева, виш специјалист за обрзование.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }