31.08.2023

Со новата градинка „Први Стапки“ проширен капацитетот за 100 деца во Општина Карпош  

Грижата за најмладите и континуирано подобрување на услугите наменети за нив е врвен приоритет на Владата, што се реализира преку социјалната реформа. Сто дечиња од општината Карпош ќе бидат згрижени во целосно новиот објект именуван „Први стапки“, кој се наоѓа до постојната градинка ЈГДУ „Орце Николов“ во населбата Карпош 3.  

Повеќе

31.08.2023

Тренчевска: Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Претседателот на партијата на пензионери, Илија Николовски и претставници од партијата. На средбата се разговараше за актуелните барања на пензионерите за покачување на пензиите како и потенцијалните решенија кои можат да донесат подобар квалитет на живот на ранливите категории на пензионери.

Повеќе

30.08.2023

МТСП: Пензиите продолжуваат да се исплаќаат на почетокот на месецот, се враќа редовниот начин на исплата како пред пандемијата

Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно.

Министерството известува дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.

Повеќе

28.08.2023

Тренчевска: Продолжува грижата за пензионерите - Отворен Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка  

Во општината Крива Паланка денес беше отворен новиот Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика (МТСП) преку која се креираат многу нови социјални услуги според потребите на корисниците во општеството. 

Повеќе

25.08.2023

Тренчевска за ТВ21: Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат и платите во јавниот сектор

Во врска со Општиот колективен договор, кој се носи после 15 години, министерката Тренчевска за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, истакна неколку придобивки за вработените во јавен сектор, како растот на платата за 10 отсто со септемвриската плата, К-15 за сите вработени во јавен сектор од 10.000 денари до крајот на годината и раст на платите во јавен сектор на долг рок.

Повеќе

25.08.2023

Тренчевска за ТВ 21: Креираме системски решенија и кога нема да имаме инфлација пензиите повторно ќе растат

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на гостувањето во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за актуелната методологија за усогласување на пензиите, барањето за линеарно зголемување на пензиите на дел од пензионерите, социјалните мерки наменети за пензионерите, Општиот колективен договор за јавен сектор, платите на функционерите и  недостигот на работна сила во државата. 

Повеќе

24.08.2023

Влез на дополнителни 74 деца во предучилишниот процес со изградбата на новиот објект на детската градинка „Гоце Делчев“ во Пробиштип

Жителите на Пробиштип добиваат дополнителен објект на градинката „Гоце Делчев“, со кој на уште 74 дечиња до шест-годишна возраст од овој град им се овозможува пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој.

Повеќе

24.08.2023

Тренчевска за КТВ: Работиме на палета од социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во нејзиното гостување на КТВ Кавадарци зборуваше за задачите на Работната група која беше формирана на последната седница на Влада и за барањата на пензионерите. 

Повеќе

23.08.2023

Тренчевска во Кавадарци, нови капитални инвестиции и нови можности за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес e на теренски активности во Општина Росоман и Општина Кавадарци. Тренчевска за медиумите изјави дека веќе се сретна со градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов и дека заедно веќе направиле увид на доградбата на градинката „Праскички“ со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на деца во општината.

Повеќе

22.08.2023

Средба Тренчевска- Памер: Одличната соработка и пријателските односи помеѓу двете држави продолжуваат, Австрија е наш голем поддржувач во социјалните политики и трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава Н.Е Мартин Памер.

Министерката му посака добредојде на амбасадорот Памер, успешна работа и продолжување на досегашната одлична соработка во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

21.08.2023

Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот на кој што се презентираше публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“. Публикацијата е издадена во рамки на проектот „Gender Equality Facility - Советодавни услуги за вклучување на родовата перспектива за администрацијата на Северна Македонија на централно ниво“, финансиски поддржан од Шведска, кој се спроведува од UN Women во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Министерство за труд и социјална политика.

Повеќе

20.08.2023

Тренчевска за ТВ 24: Како министер никогаш нема да ја доведам во прашање стабилноста на пензискиот фонд

„Оваа влада има направено многу во делот на системски решенија кои ќе носат добри резултати на долг рок. Едно од првите системски решенија беше и методологијата за растот на пензиите, решение кое дава реални резултати. Во март 2022 година пензиите беа 9000 денари а сега најниската пензија е 12.500 денари додека во септември најниската ќе изнесува 13.200 денари“, истакна Тренчевска во дневникот на Телевизија 24.

Повеќе

17.08.2023

Тренчевска: Задоволството на корисниците од услугата помош и нега во домот е најдобар доказ дека социјалната реформа е успешна 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска посети корисник на социјална услуга помош и нега во домот, на територијата на општина Карпош, за директно да се информира како се одвива имплементацијата на оваа услуга.

Повеќе

16.08.2023

Тренчевска: Преку социјалните услуги создаваме можности за поквалитетен живот за пензионерите  

Пензионерите имаат право на активен и квалитетен живот во третата доба. За таа цел Министерството за труд и социјална политика посветено работи на спроведување на социјалната реформа, која покрај другото е посветена токму на пензионерите и на унапредување на можностите за нив во поглед на поголема социјализација и подобрување на здравјето. 

Повеќе

15.08.2023

Тренчевска: Одржливите и системски решенија не се носат за еден ден

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по вчерашните протести на пензионерите и средбата со одборот на пензионери кои ги соопштија барањата во однос на пензиите, денес одржа состанок и со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. На состанокот беа присутни претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова и претседателите на здруженијата на пензионери од Прилеп, Штип и Охрид.

Повеќе

15.08.2023

Тренчевска за МРТ 1: Со актуелната методологија, минималната пензија од 9 000 денари, бележи раст за околу 4000 денари

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската програма на Македонската телевизија, зборуваше за пензиите, моменталната методологија за усогласување на пензиите, состојбата на пензискиот систем и барањата на пензионерите кои излегоа на протест.

Повеќе

14.08.2023

Тренчевска во Дневникот на Сител: Наместо популистички мерки треба да се размислува на системски решенија на долг рок

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител Телевизија зборуваше за усогласувањето на пензиите и нивниот раст, состојбата на пензискиот систем, прашањето за минималната пензија и други актуелни прашања во врска со пензиите.

Повеќе

14.08.2023

Тренчевска: Министерството за труд и социјална политика е отворено за сите пензионери

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставници на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија, кои денеска излегоа на протест со неколку барања.

Повеќе

04.08.2023

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2023 година.

Повеќе

01.08.2023

Социјалната услуга за помош и нега во домот станува достапна и во Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани  

На 120 постари лица и лица со намален функционален капацитет од Прилеп, Долнени и Кривогаштани, како и на 60 лица со попреченост, постари и изнемоштени лица кои живеат на територијата на општина Крушево, им станува достапна социјална услуга за помош и нега во домот.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }