29.08.2024

Министерот Лимани на средба со претставници на „Здружението на пензионери за достоинствен живот“

Министерот за социјална политика, демографија и млади денеска се сретна со претставници на „Здружението на пензионери за достоинствен живот“, на која што се разговараше за унапредување на квалитетот на живот на пензионерите во нашата држава.

На средбата претставниците од здружението, пред се, изразија благодарност за заложбите на оваа Влада за подобрување на стандардот на пензионерите со линеарното покачување на пензиите од 5000 денари, кои ќе се реализира двократно со септемвриската и со мартовската пензија.  

Соговорниците разговараа и за други можности за подобрување на статусот пензионер во државата. Од страна на здружението беа дадени и предлог измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои ќе бидат разгледани од страна на министерството.

Министерот Лимани изрази подготвеност за анализа на нивните барања и изнаоѓање на заедничко најодржливо решение кое ќе значи подобрување на квалитетот на живот на пензионерите, оние кои речиси цел живот работеле и придонеле за градење на нашата држава.

Воедно тој посочи дека нема да има достоинствени пензии, ако не се изградат државнички политики. Затоа, потребни се политики за вработувања, за задржување на младите во државата, борба против корупцијата и непријавената работа, односно сивата економија.

Соговорниците искажаа задоволство од денешната средба посочувајќи дека ваквите средби треба да бидат редовна практика, затоа што проблемите и потребите на пензионерите најдобро ќе се утврдат доколку одблиску се слушаат.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }