01.08.2024

Средба на министерот Лимани со претставници на Фондацијата за демократија на Вестминстер

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска одржа работен состанок со претставници на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) на која се дискутираше за новите надлежности на министерството, особено во делот на младите.

На почетокот, претставниците на фондацијата ги претставија активностите кои што ги извршуваат, истовремено потенцирајќи дека последните години во фокусот на нивните активности се младите, полето на кое може да се воспостави соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Министерот Лимани говореше за плановите кои ги има министерството во однос на прашањето за младите, укажувајќи на потребата, најнапред детално да се дефинираат надлежностите на организационата единица која што ќе работи на ова прашање.

Работниот состанок заврши со договор за воспоставување на блиска соработка помеѓу министерството и фондацијата за креирање на институционални капацитети кои ќе овозможат успешно справување со предизвиците во креирањето и имплементацијата на младинските политики.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }