19.12.2023
МТСП: Повеќе средствата на општините за зголемување на капацитетите во градинките
Согласно одлука донесена на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика денес потпиша 5 договори за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на реализација на средства од капитални дотации.
Министерството потпиша договори со Општина Бутел, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров, Општина Аеродром, и Општина Карпош.
Со потпишувањето на договорите за проекти, Владата на Република Северна Македонија преку буџетот на Министерството за труд и социјална политика доделува на општините над 4 милиони евра.
Соработката на централната и локалната власт продолжува.
Со потпишувањето на договорите Владата уште еднаш покажа дека потребите на граѓаните и развојот на општините е на прво место.