28.02.2024
Соопштение
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната 2023/2024 година. Со оваа исплата се опфатени 33.261 корисник на образовен додаток на ниво на држава.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
- за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
- за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
- за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
- за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.
Министерство за труд и социјална политика