ИПА II Акциска програма 2017, Акција 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“

Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2017 година на 5 ноември 2018. Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2017 година се состои од четири акции. Акцијата 4 предвидува поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

Цел 

Целта на акцијата е да се намали стапката на невработеност, да се зголеми учеството на пазарот на трудот, особено на младите и жените, да се зголеми пристапот до квалитетно образование и обука, да се подобрат вештините и да се модернизира системот на социјална заштита.

Финансиска рамка

Вкупната вредност на Акцијата 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“  е 25,150 мил. евра, во кои ЕУ (ИПА) учествува со 23,7 мил. евра.

Резултати, проекти и начин на имплементација

Акцијата „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“ се спроведува преку проекти (активности) кои треба да придонесат кон постигнување на четири резултати во областите образование, вработување и пазар на труд, социјална заштита и социјално вклучување.

Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука се носители (корисници) на проектите. Спроведувањето на проектите ќе се одвива според правилата за јавна набавка на ЕУ преку два договорни органи: договорен орган за проектите од областа на образованието и вработувањето е Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии, додека договорен орган за проектите од областа на социјалната заштита е Делегацијата на ЕУ.

Во продолжение е даден преглед на проектите на Министерството за труд и социјална политика што се финансираат преку оваа акција, групирани според резултати и договорен орган:

Резултат 1: Зајакнување на управувањето, политиките и статистиките во секторот „Образование, вработување и социјална политика“ 

Договорен орган: Делегација на ЕУ

Подобрување на квалитетот на податоците и зајакнување на креирањето на политиките во секторот „Образование, вработување и социјална политика“ (проектот се спроведува од јануари 2020)

Зајакнување на социјалниот дијалог (проектот се спроведува од јануари 2019

Резултат 2: Правичен пристап до квалитетно инклузивно образование 

Договорен орган: Сектор за централно финансирање и склучување договори/Министерство за финансии

Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и згрижување (проектот се спроведува од декември 2019)

Изградба на градинки во две општини (проектите се во подготовка)

Резултат 3: Подобрена можност за вработување и пристап до пазарот на труд и пристојна работа Договорен орган: Сектор за централно финансирање и склучување договори/Министерство за финансии

Активација на ранливите групи на пазарот на трудот (проектот се спроведува од септември 2019)

Подобрување на условите за работа (проектот се спроведува од ноември 2019)

Резултат 4: Подобрен квалитет и достапност на социјалните услуги

Договорен орган: Делегација на ЕУ 

Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на услугите на социјална заштита (проектот се спроведува од мај 2019)

Поддршка на процесот на деинституционализација во социјалниот сектор (проектите се спроведуваат од јануари 2020)

Поддршка на социјалните претпријатија (проектот се спроведува од август 2019)

Олеснување на социјалното вклучување на Ромите (проектите се спроведуваат од ноември 2019)

 

Документи

Финансиска спогодба

Акција „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“

Годишен извештај за имплементација на Годишната акциска програма за Република Северна Македонија за ИПА 2017 и за останатите ИПА програми 

Поврзани институции

Секретаријат за европски прашања

Министерство за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување договори

Министерство за образование и наука

Делегација на ЕУ

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }