23.01.2023
Тренчевска: Преку издржани и аргументирани решенија до нов закон во кој приоритет се правата на работниците
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на втората јавна расправа за Законот за работни односи која се одржа во Струмица. На расправата присуствуваа претставници од синдикатите, меѓународните организации и работодавачите. Од страна на работната група која работеше на Законот за работни односи беа презентирани пред присутните новитетите кои треба да придонесат кон поголеми права на работниците.
![](content/images/2023/januari2023/23_1/3.jpg)
Министерката го истакна нејзиното уверување за креирање на закон со кој ќе се носат добри решенија, а сепак ќе ги следат Европските стандарди како и реалните потреби на пазарот на труд на територијата на Република Северна Македонија.
![](content/images/2023/januari2023/23_1/2.jpg)
До донесувањето на Законот за работни односи ќе бидат одржани уште 7 јавни дебати на територијата на целата држава со цел вклучување на сите чинители кои се засегнати од законот.