23.01.2023
Тренчевска: Заедничката соработка ќе даде свој придонес за појаснување на одредени нејаснотии и дилеми
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренческа присуствуваше и на третата јавна расправа за Законот за работни односи која се одржа во Штип. На оваа расправа голем дел од учеството зедоа претставници на работодавачите вклучувајќи ги и претставниците на Организацијата на работодавачи на Македонија.
![](content/images/2023/januari2023/23_1_/2 (1).jpg)
Министерката во своето воведно обраќање истакна дека Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, таа посочи дека со овој документ се воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни.
![](content/images/2023/januari2023/23_1_/3.jpg)
За време на расправата беше развиена плодна дискусија, со конструктивни забелешки кои како што посочи министерката треба да придонесат во унапредување на документот кој значи почит на правата на работниците.