04.01.2024

Соопштение за јавност за неработни денови 7 и 8 јануари

 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница.

Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.

Владата на денешната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }