31.07.2024

Средба на министерот Лимани со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Григоријан 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан.

На средбата се разговараше за поддршката на УНДП кон нашата држава што се одвива во континуитет веќе три децении преку заеднички проекти и експертиза.

Притоа, се дискутираше за неколку области, меѓу кои градењето на зелена економија со исклучително значајно влијание на пазарот на трудот и националната економија, ИПА фондовите, економија на грижа, преку воведување потенцијал за вработување на локално ниво, мерката Гаранција за млади, која претставува интегрирање на пазарот на трудот на младите луѓе, поддршка во создавањето на социјална кохезија со младите од соседството, поддршката на жртви на семејно насилство, активација на примателите на гарантирана минимална помош (ГМП) на пазарот на труд  и други прашања.

Соговорниците искажаа подготвеност за продлабочување на соработката меѓу министерството и УНДП, во креирањето на стратегии, програми и мерки во областите кои се во рамките на надлежностите на министерството, а кои се во интерес на граѓаните, на државата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }