01.06.2023

Хусејин: МТСП продолжува да работи на унапредување, развивање, јакнење и поддршка на згрижувачките семејства 

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин се обрати на настанот „Семеен пикник”, организиран по повод 1 Јуни-Денот на згрижувачките семејства.

„Детето само во семејна средина може да чувствува љубов, поддршка и припадност. Но, за жал сведоци сме како голем број на деца секојдневно од различни причини и без своја вина го губат семејството и грижата од своите родители. За овие деца потребно е да создадеме еднакви можности, исто како и на децата кои растат со своите родители. А, таа можност сте вие, згрижувачките семејства!”, потенцираше Хусејин пред присутните. 

Во оваа прилика, заменик министерот Хусејин рече дека Министерството за труд и социјална политика преку своите установи кои се дел од системот на социјална заштита, како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи на унапредување, развивање, јакнење и поддршка на згрижувачките семејства, ќе биде дел од сите програми и активности кои се  и ќе бидат дел од процесот на развивање на мрежата на згрижувачки семејства во нашата земја. 

Тој, исто така искажа благодарност до сите, како што рече, наши партнери и соработници, како што е Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Црвениот крст на Град Скопје, како и Црвениот крст на Република Северна Македонија, општините во нашата држава кои даваат поддршка и помош во развивање на многу социјални услуги, меѓу кои се и згрижувачките семејства.

Настанот „Семеен пикник” е во организација  и соработка на Црвениот крст на Град Скопје заедно со  Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ Детски Дом 11-ти Октомври Скопје и Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село Скопје. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }