07.06.2023
Продолжува социјалниот дијалог на Економско социјалниот совет
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со десеттата седница на Економско социјалниот совет.
![](content/images/2023/juni/есс3.jpg)
На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заменик министерот за економија, Зоран Маневски, претставници на институциите, претставници на синдикатите и претставници на работодавачите.
На состанокот од страна на претставниците на Владата беше презентирана предлог Методологија за пораст на платите во јавниот сектор.
![](content/images/2023/juni/есс.jpg)
По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок синдикалните организации да го разгледаат предлогот и да достават забелешки или нови предлози до Министерството за труд и социјална политика.
Наредната седница на Економско социјалниот совет ќе биде одржана откако ќе бидат доставени предлозите од синдикатите за Методологија за пораст на платите во јавниот сектор.