02.06.2023

Спроведени обуки за обучувачи родово базирано насилство врз жените и семејното насилство 

Министерството за труд и социјална политика во соработка со UNFPA во Република Северна Македонија и финансиска поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство спроведе обука на обучувачи за првата база на обучувачи за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство и мулти-секторско постапување и соработка. Обуката беше спроведена во два модули.

Во првиот модул беше реализирана обука за спроведување почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, додека на вториот модул се реализира обука за спроведување на едукација на професионалци за мулти-секторска соработка.


Лицата кои ги посетија обуките се стекнаа со вештини кои ќе ги искористат во насока на обучување на професионалци кои што се на прва линија на постапување со цел  успешна координација и соработка на мулти-секторското партнерство во институционалниот одговор на родово базираното насилство врз жените и семејното насилство. На обуката учествуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Заводот за социјални дејности, Центарот за обуки на МВР како и претставници од граѓанските организации. Во иднина е планирано да се спроведе уште еден сет на обуки за обучувачи со цел зајакнување на капацитетите на што повеќе лица во јавната администрација.


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }