Обновување на лиценца за работа

Поднесување на барање за обновување на лиценца за работа е одговорност на самиот стручен работник и барањето за  обновување  на  лиценца  за  работа  се  поднесува најмалку  три месеци пред истекот на важноста на лиценцата. Барањето за обновување на лиценца, заедно со другите потребни документи стручните работници треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.

                Потребни документи за обновување на лиценца:

  • барање за обновување на лиценца за работа (образец);
  • доказ за постоечката лиценца за работа (копија од решение или лиценца)
  • потврда за освоени бодови согласно Програмата за континуирана професионална едукација во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
  • доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната;
  • решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга (за вработените во јавните установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги и
  • доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница).

ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.

 

Лица за контакт:    Ана Бошњак  076 284 660   

                                      Марта Марковска 076 433 643

                                      Даниела Станојковска 075 242 953

(ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје) телефон 02/3230-401  e-mail:juzsd-sk@mtsp.gov.mk

 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }