Постапка за полагање стручен испит

Стручните работници кои целосно ја поминале/завршиле почетната едукација, поднесуваат барање за полагање на испит за стекнување со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, во сесиите за аплицирање за издавање на лиценца за работа, кои се објавуваат во делот Известување.

Барањето за полагање на испит за стекнување со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита се поднесува заедно со потребната документација објавена во банерот Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита/Документација потребна за издавање.

Доставеното барање, заедно со бараната документација, се проверува од советниците во Службата за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој / Оддел за лиценцирање и одобрување на програми за континуирана професионална едукација и се доставува на одлучување на првата наредна седница на Комисијата за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита.

За барањата на кадидатите, кои не ги исполнуваат условите за полагање на испит, согласно член 237 од Закон за социјалната заштита (104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21 294/21, 99/22, 236/22, 65/23, ), Комисијата изготвува мислење, врз основа на кое Заводот за социјални дејности носи решение за одбивање на барањето за полагање на испитот.

За кандидатите со одобрени барања за полагање на стручен испит, се изготвува распоред за полагање на теоретскиот дел од стручниот испит, кој се објавува на веб страната во делот Известување.

Комисијaта за секој вид на испит има база на прашања за теоретскиот дел од испитот, кои се јавно објавени на веб страната во банерот Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, најмалку 15 дена пред полагање на испитот, како и содржината на материјалите за подготовка на теоретскиот дел од испитот.

Резултатите од полагањето на теоретскиот дел од стручниот испит се објавуваат на веб страната во делот Известување, во рок од три работни дена од полагањето на теоретскиот дел од стручниот испит.

Доколку кандидатот не го положи теоретскиот дел од испитот не може да пристапи кон полагање на практичниот дел. Стручниот работник кој од било кои причини не го положил/не се појавил на теоретскиот дел од стручниот испит, може да го полага уште еднаш, а за да пристапи кон повторно полагање на теоретскиот дел од стручниот испит, потребно е во сесија за аплицирање за издавање на лиценца за работа да достави:

ПРИЈАВА за полагање на испит (образец) и

• Потребна документација наведена во пријавата.

За стручните работници, кои го положиле теоретскиот дел од испитот, се објавува распоред за полагање на практичниот дел од испитот, кој се реализира најмалку 5 работни дена по објавување на резултатите од теоретскиот дел на испитот.

Резултатите од полагањето на практичниот дел од стручниот испит, членовите на Комисијата му ги соопштуваат на кадидатот/кандидатката веднаш по завршување на самиот испит.

Комисијата за лиценцирање на седница, носи одлука за стекнување со лиценца, за секој кандидат кој успешно го положил теоретскиот и практичниот дел од стручниот испит, по што се изготвувуаат решенија и се изработуваат лиценци.

Кога решенијата и лиценците ќе бидат комплетирани, кандидатите се известуваат на веб страната за термините во кои можат да си ги подигнат лиценците, во делот Известување.

Доколку кандидатот не го положи практичниот дел од испитот од било кои причини (не го положил успешно/не се појавил), може да го полага уште еднаш, а за да пристапи кон повторно полагање на практичниот дел од стручниот испит, потребно е во сесија за аплицирање за издавање на лиценца за работа да достави:

  • Потребна документација наведена во пријавата.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }