Продолжување на лиценца за работа 

Поднесување на барање за продолжување на лиценца за работа доставува стручниот работник, кој од оправдани причини (болест, породилно отсуство, платено или неплатено отсуство и слично) не ги исполнил условите за обновување на лиценца, односно нема доволен број на бодови, согласно Програмата за континуирана професионална едукација во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.

Барањето за продолжување на лиценца заедно со другите потребни документи стручниот работник ги доставува на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива, веднаш по враќањето на работа.  Комисијата за лиценцирање ја продолжува лиценцата за работа за наредните шест месеци по враќање на работа, во кој период стручниот работник треба да ја заврши задолжителната едукација, односно да ја заврши континуираната едукација.

                Потребни документи за продолжување на лиценца:

ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.

 

Лица за контакт:    Ана Бошњак  076 284 660   

                                      Марта Марковска 076 433 643

                                      Даниела Станојковска 075 242 953

(ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје) телефон 02/3230-401  e-mail:juzsd-sk@mtsp.gov.mk

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }