Следење на континуирана професионална едукација
Стручните работници кои се стекнале со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, потребно е да учествуваат во континуирана професионална едукација, согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Учеството во континуираната професионална едукација, за секој лиценциран стручен работник е задолжителна, во периодот на важноста на лиценцата (5 години), бидејќи согласно член 241 од Закон за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23), на стручен работник му се обновува лиценца за работа, ако има освоено најмалку 60 бодови, согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Едукациите се спроведуваат на платформата за е-учење на далечина, на следнатa веб адреса:
https://e-obuki.zsd.gov.mk/
https://e-obuki.zsd.gov.mk/login/index.php.
За најавување и користење на платформата за е-учење на далечина, потребно е да се најавите, согласно Упатството.
НАПОМЕНА: Кодот за најава е ISA61. (со точка на крај).
Учесниците за да ја користат платформата за е-учење на далечина, потребно е да бидат најавени на платформата и во периодот кога едукациите се отворени за користење, да ги поминат сите чекори од одбраната едукација, на пример (презентација, прирачник, проверка на знаење, евалуација и задолжително активно да присуствуваат на видео-конференцискиот состанок), за да можат да испечатат потврда за помината/завршена едукација.
Информациите за отворени едукации се објавуваат во делот Известување.
Потврдите можат да се печатат само доколку се поминати сите предвидени чекори од едукацијата, неколку часа по завршување на видео-конференцискиот состанок, а најдоцна 5 дена од одржување на истиот.
Испечатените потврди, стручните работници се должни да ги приложат, при доставување на барање за обновување на лиценца.
НАПОМЕНА: Една иста помината/завршена едукација во рок од пет години, се уважува само еднаш.
Документи: Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници за 2024