06.03.2023

На конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост-нашата секојдневна борба на два фронта“ со пораки за родова перспектива, рамнотежа и родова еднаквост

На панел два од конференцијата на тема: „Униформа, оклоп кој значи ранливост-нашата секојдневна борба на два фронта“, зборуваа, Магдалена Несторовска, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи, првата жена Аѓутантка на Претседателот на РСМ, Пендаровски, Билјана Блажевска и професорката на Факултетот за безбедност Стојанка Мирчева.

„Користете ја својата позиција, својата функција своето работно место, за да ги смените и подобрите условите за работа, да ги смените законите, да ја смените реалноста на начин кој ќе овозможи што помалку жени да бидат жртви на насилство, на трговија со луѓе, на злоупотреби, на дискриминација, што повеќе жени  да добијат соодветна заштита ако се нападнати, да добијат  помош  ако им е потребна, зошто, жените се најчесто  ранлива категорија. Застанете зад жена, секогаш ама секогаш, кога е жртва на насилство, кога е нападната, омаловажена, дискриминирана, кога е жртва на говор на омраза, кога е исмеана, или повредена!“, рече Магдалена Несторовска, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи.

Првата жена Аѓутантка на Претседателот на РСМ, Пендаровски, Билјана Блажевска, посочи дека, жените и мажите мора да се обединат во заедничка и инклузивна мисија за спроведување на позитивна промена.

„Затоа, треба да продолжиме да ги промовираме правата на жените и да се стремиме да обезбедиме родова перспектива, родова рамнотежа и родова еднаквост. Кога зборуваме за унапредување на родовата еднаквост, не зборуваме за „де факто“ еднаквост помеѓу мажите и жените, туку за создавање услови за жените да имаат еднакви можности како и мажите за да го постигнат својот целосен потенцијал".

Во пресрет на Денот на жената, Блажевска порача: „Би сакала да ги охрабрам сите млади жени  да бидат храбри, самоуверени и да имаат доверба во себе, да се издржливи и да се стремат да докажат дека сме способни да постигнеме се. Да направат промена, а не да чекаат друг да ја направи промената за нас. Или, како што се вели, БИДИ ПРОМЕНАТА КОЈА САКАШ ДА ЈА ВИДИШ ВО СВЕТОТ".

Професорката на Факултетот за безбедност Стојанка Мирчева, посочи дека, сериозен предизвик за жените во униформа е соочување со мачоизмот, сексуално вознемирување, сексизам, минимизирање и патернализирање односно татковски однос кон женските колешки со што се минимизира улогата на жената. 

„Целта е преку полициската култура и субкултура да го постигнеме балансот и родовата еднаквост, но не за задоволување на бројките, туку за постигнување вредности. Сметам дека времето е зрело за да се менува односот и полициската култура“, истакна Мирчева.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }