03.03.2023
Спроведена работилница во Битола како дел од кампањата на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Битола оствари работилница со поддршката на Професорката Софија Арнаудова со цел ментално и економско зајакнување на жените. Во работилницата беа вклучени околу 40 жени од ранливи категории на граѓани.
![](content/images/2023/mart/Bitola/в.jpg)
Професорката Софија која што ја водеше работилницата ги наведе присутните низ вежба да ја раскажат својата приказна. Зборуваше за балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот. Таа во непосреден разговор со присутните ја истакна важноста на психолозите кои можат да помогнат во балансот во животот како и личниот развој.
Жените сме силни ќе се избориме, доброто го победува злото беше една од пораките која ја посочи една од учесничките на работилницата.
![](content/images/2023/mart/Bitola/Битола 4.png)
Низ средбата водеше емоцијата, искреноста и вистинската желба за помош за ментално зајакнување на сите жени. Се зборуваше за сите форми на насилство: економското насилство, демнење, психичко насилство, физичко насилство.
Целта на кампањата „Гласна и храбра“ која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика има за цел да го зајакне менталното здравје и да даде придонес во економското зајакнување во насока на постигнување на благосостојба кај жените во Република Северна Македонија.