22.11.2023
МТСП: Одбележана една година успешно функционирање на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ ја одбележаа годишнината од постоењето на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево.
![](content/images/2023/noemvri/22_11/2.jpeg)
Во градежните активности општината Чучер Сандево инвестираше 11 милиони денари. Додека Министерството за труд и социјална политика вложи 8 милиони денари и дополнителни 7.5 милиони денари за современа опрема. Градинката има капацитет за 110 деца.
![](content/images/2023/noemvri/22_11/4.jpeg)
Тренчевска и градоначалникот Комненовиќ посакаа уште многу успешни години работа на градинката. Министерката истакна дека во јавните детски установи се градат идните генерации на лекари, занаетчии, правници и лидери посочувајќи дека токму преку воспитно образовниот процес се влијае на правилниот раст и развој на децата. Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да вложува во детската и социјалната заштита. Тренчевска рече дека во периодот кој што следи ќе се слават уште многу инвестиции и среќните детски насмевки.
![](content/images/2023/noemvri/22_11/3.jpeg)