Потребни документи за остварување на правото/услугата
|
За добивање на лиценца - А за привремени вработувања, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:
-
да има банкарска гаранција во висина од 50.000 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Македонија,
-
да располага со деловен простор на иста локација во сопственост или под закуп, од најмалку 60м2, кој ги исполнува условите согласно со прописите за безбедност и здравје при работа и
-
да има вработено најмалку шест лица на неопределено време со полно работно време.
За добивање на лиценца - Б за привремени вработувања, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:
-
да има банкарска гаранција во висина од 30.000 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија,
-
да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 50м2, кој ги исполнува условите согласно прописите за безбедност и здравје при работа и
-
да има вработено најмалку пет лица на неопределено време, со полно работно време.
За добивање на лиценца - В за привремени вработувања, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:
-
да има банкарска гаранција во висина од 20.000 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија,
-
да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 40м2, кој ги исполнува условите согласно прописите за безбедност и здравје при работа и
-
да има вработено најмалку четири лица на неопределено време, со полно работно време.
За добивање на лиценца - Г за привремени вработувања, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:
-
да има банкарска гаранција во висина од 10.000 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија,
-
да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 20м2, кој ги исполнува условите согласно прописите за безбедност и здравје при работа и
-
да има вработено најмалку две лица на неопределено време, со полно работно време.
Банкарската гаранција од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член, банката ја доставува непосредно до министерството надлежно за работите од областа на трудот.
Банкарската гаранција не може да се повлече за периодот на важењето на лиценцата и дополнителни три месеци по истекот на важењето на лиценцата, без согласност на министерството надлежно за работите од областа на трудот.
|
Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)
|
Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев бр.14, Скопје
|
Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)
|
жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
|