Вид на услуга/право
|
Издавање на одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа
|
Законска основа за остварување на услугата/правото
|
Членови: 18-а и 18-б од Закон за безбедност и здравје при работа („Сл.весник на РМ“ бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/15, 30/16 и „Сл.весник на РСМ“ бр.18/20)
|
Потребни документи за остварување на правото/услугата
|
Потребни се документи со кои се докажува исполентоста на условите наведени во Член 18-а, Став 2, од Законот за БЗР: Стручното усовршување го организираат и спроведуваат наставно-научни установи, државни органи, правни лица од областа на безбедност и здравје при работа (во понатамошниот текст:организатор), кои ги исполнуват следните услови да:
-
имаат најмалку две лица кои спровеле и одржале најмалку три обуки од областа на безбедност при работа на национално и меѓународно ниво,
-
имаат најмалку три години искуство во организирање на меѓународни и национални конференции од областа на безбедност при работа,
-
имаат донесено годишна програма за спроведување на обуки од областа на безбедност при работа, која особено содржи облици на стручно усовршување, критериуми за утврдување на бодови според видот на обуките и времетраењето на обуките и- имаат обезбедено просторија за одржување на обуките.
|
Обрасци
|
Не е утврден посебен образец. Се поднесува барање со потребните документи (докази)
|
локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)
|
Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев, бр.14, Скопје
|
Законски рок за постапување
|
30 дена
|
Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)
|
Против решението на МТСП, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 8 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
|
Одговорен
|
Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување
|
Такса која се наплатува
|
/
|
Повеќе информации на следниот линк
|
Список на организатори на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа (согласно член 18-б од Закон за БЗР)
https://mtsp.gov.mk/dokumenti-bzr.nspx
|