Право на семејна пензија

 

Вид на услуга/право

Право на семејна пензија

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 57-68 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ” број 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18, 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 180/19, 275/19, 31/20, 267/20 и 67/22), Правилникот за образецот на барањето и потребната документација за остварување право на старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија и паричен надоместок за телесно оштетување („Службен весник на РМ” бр. 139/2016), Статутот на фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија („Службен весник на РМ” бр. 174/2013) и Одлуката за задолжителен обем и содржина на медицинската документација во постапката за остварување права по основ на инвалидност (Службен весник 197/2014);

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е впишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и др.) ако правото на семејна пензија се остварува по смртта на активен осигуреник;

2. изводи од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број за сите членови за семејството за кои се бара признавање право на семејна пензија (оригинал или копии заверени на нотар);

3. извод од матична книга на умрените (оригинал или копија заверена на нотар);

4. извод од матична книга на венчани доколку семејна пензија бара вдовец или вдовица издаден по смртта на осигуреникот или корисникот на пензија (оригинал или копија заверена на нотар);

5. потврда за статус на ученик, односно студент издадена од соодветна образовна институција на децата постари од 15 години за кои се бара признавање право на семејна пензија (во тој случај треба редовно да се доставуваат за секоја учебна година до завршувањето со школување најмногу до 26 години живот или до вработување/стапување во работен однос);

6. пријава за несреќа на работа ако смртта на осигуреникот настапила по повреда на работа;

7. воена книшка или уверение од Министерство за одбрана за отслужен воен рок (доколку покојниот осигуреник е од машки пол и отслужил воен рок);

8. доколку барањето за остварување право на семејна пензија се поднесува по основ на неспособност за самостоен живот и работа, се доставува и:

- предлог за медицинско вештачење со наод и мислење за здравствената состојба на осигуреникот (Предлог за медицинско вештачење -Образец бр.3) којшто го пополнува матичниот лекар и

- оригинална медицинска документација потребна за дијагностицирање на болеста.

9. уверение за бенефициран стаж за покојниот осигуреник (доколку имал стаж на осигурување во зголемено траење);

10. доказ за социјално осигурување-навршен стаж во други држави (доколку покојниот осигуреник имал навршен стаж кај странски носители на осигурување);

11. податоци за стаж на осигурување и плати од матичната евиденција на Фондот за осигуреници и корисници на права од пензиското и инвалидското осигурување;

12. податоци од службена евиденција која ја води друг јавен орган, односно друг субјект кој води регистар за податоци;

13. откако ќе го остварат правото заради редовна исплата корисниците на пензија кои имаат стален престој во странство, обврзани се два пати во годината да доставуваат потврда за живот;

14. за да може пензијата да се исплатува на корисниците на пензија кои имаат стален престој во странство, потребно е да достават: молбено барање за трансфер и податоци за сметка од банка (назив на банката, место каде се наоѓа, број на сметката, IBAN и BIC/SWIFT код) - на која да се исплатува пензијата);

15. откако ќе оствари право корисникот е должен во рок од 30 дена да ги соопшти сите настанати промени што влијаат врз правото на добивање на пензија или исплатата на пензијата, особено:

• промена на адреса на живеење,

• вработување или вршење на самостојна професионална дејност (во Р.Македонија или странство),

• прекинување на школување на деца корисници,

• смрт на корисникот на пензија;

16.Покрај наведените докази, со барањето за признавање на право од пензиското и инвалидското осигурување може да бидат приложени или дополнително побарани и други докази заради утврдување на фактите во врска со остварувањето на правата (решенија за користење на некои права од пензиско и инвалидско осигурување, пресуди за доделена издршка, уверенија-потврди за заснован работен однос или вршење на дејност, докази за посвојување, уверение за семејна состојба, уверение за државјанство, интернационални изводи и др. во случаите каде за поодделни членови на семејството признавањето на правото на семејна пензија е условено со постоење на одредени факти или кои се потребни при праќање на барање до странскиот орган на социјално осигурување);

Документите од точките 11 и 12 на овој член, фондот ги прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот и другите членови на домаќинството за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и писмена согласност да бидат откриени нивните податоци за депозитите во сите банки и штедилници во Република Северна Македонија. Документите од точките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 13, 14, 15 и 16 на овој член ги прибавуваат подносителот и другите членови на семејството на осигуреникот при поднесување на барањето и во текот на користење на правото на семејна пензија

Обрасци 

Образец П-1 (образец кој го издава Фондот)

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Правата од пензиското и инвалидското осигурување се остваруваат во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, со поднесување на барање во Филијалата, односно Деловницата на Фондот според местото на последното осигурување.

Доколку се остварува право со примена на одредби од меѓународните договори за социјално осигурување, барањето се поднесува преку Филијалата, односно Деловницата на Фондот до Централата на Стручната служба на Фондот.

Доколку се остварува право со примена на одредби од меѓународните договори за социјално осигурување со поранешните Југословенски републики, барањето се поднесува во Филијата, односно Деловницата на Фондот според местото на последното осигурување.

Законски рок за постапување

30 дена од денот на поднесувањето на уредно барање, 90 дена за правата од пензиското и инвалидското осигурување со примена на одредбите на договори за социјално осигурување

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Фонд за пензиското и инвалидското осигурување

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

http://www.piom.com.mk/prava-na-osigurenikot/postapka-i-potrebna-dokumentacija/

http://www.piom.com.mk/informacii/formulari/

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }