1. работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е впишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и др.);
2. извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број;
3. лична карта на увид;
4. доказ/решение за престанок на работниот однос (оригинал или копија заверена на нотар);
5. воена книшка или уверение од Министерство за одбрана за отслужен воен рок (доколку барателот е од машки пол и отслужил воен рок);
6. по потреба и други докази (уверение за бенефициран стаж, доказ за стаж навршен во друга држава и др.)
7. податоци за стаж на осигурување и плати од матичната евиденција на Фондот за осигуреници и корисници на права од пензиското и инвалидското осигурување;
8. податоци од службена евиденција која ја води друг јавен орган, односно друг субјект кој води регистар за податоци;
9. заради редовна исплата корисниците на пензија кои имаат стален престој во странство, обврзани се два пати во годината да доставуваат потврда за живот;
10. за да може пензијата да се исплатува на корисниците на пензија кои имаат стален престој во странство, потребно е да достават: молбено барање за трансфер и податоци за сметка од банка (назив на банката, место каде се наоѓа, број на сметката, IBAN и BIC/SWIFT код) - на која да се исплатува пензијата);
11. откако ќе оствари право корисникот е должен во рок од 30 дена да ги соопшти сите настанати промени што влијаат врз правото на добивање на пензија или исплатата на пензијата, особено:
• промена на адреса на живеење,
• вработување или вршење на самостојна професионална дејност (во Р.С. Македонија или странство);
12. Покрај наведените докази, со барањето за признавање на право од пензиското и инвалидското осигурување може да бидат приложени или дополнително побарани и други докази заради утврдување на фактите во врска со остварувањето на правата (решенија за користење на некои права од пензиско и инвалидско осигурување, уверенија-потврди за заснован работен однос или вршење на дејност, уверение за семејна состојба, уверение за државјанство, интернационални изводи, изводи од банка со примени износи на странска пензија и др. во случаите каде правото е условено со постоење на одредени факти или кои се потребни при праќање на барање до странскиот орган на социјално осигурување);
Документите од точките 7 и 8 на овој член, Фондот ги прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот и другите членови на домаќинството за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и писмена согласност да бидат откриени нивните податоци за депозитите во сите банки и штедилници во Република Северна Македонија.
Документите од точките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 9, 10, 11 и 12 на овој член ги прибавуваат подносителот и другите членови на семејството на осигуреникот при поднесување на барањето и во текот на користење на правото на старосна пензија
|