Законска основа за остварување на услугата/правото
|
Член 39-3 од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) член 30 од Правилникот за поблиските услови и начинот на остварување на правата за заштита на децата, како и утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството и семејството за правата детски додаток, родителски додаток за дете и додаток за образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/19, 116/19, 234/20, 222/21 и 24/22)
|
Потребни документи за остварување на правото/услугата
|
1.Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето (за сите полнолетни членови на домаќинството);
2. Пресуда за развод на брак-правосилна судска пресуда;
3. Пресуда за определена законска издршка;
4. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;
5. Потврда од банка за штеден влог;
6. Доказ дека едниот родител е исчезнат- од надлежен суд;
7. Доказ за временски период за издржување на казна затвор;
8. Потврда дека е редовен ученик во средно училиште и
9. Копија од трансакциска сметка
|
Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)
|
Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје) непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање такси пред надлежните органи
|