1. Важечка лична карта на увид за утврдување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето, (а за мајките за кои од личната карта не може да се утврди дека се државјани на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во РепубликаСеверна Македонија последните три години пред поднесување на барањето и доказ со кој се потврдува односно од кој може да се утврди дека се државјани на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето - издаден од Министерство за внатрешни работи, односно обезбеден доказ од центарот за социјална работа по службена должност од Министерство за внатрешни работи);
2. Изјава од мајката како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство;
3. Изјава од мајката за редоследот на раѓања на децата, спрема датумот и часот на раѓањата, запишани во изводот од матичната книга на родени на детето, а ако има починато дете се наведува и датумот и часот на смртта на детето, запишани во изводот од матичната книга на умрени на детето;
4. Доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓањеиздаден од надлежниот суд;
5. Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за време на бременоста, кај избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерство;
6. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото согласно закон -издаден од соодветна здравствена установа;
7. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;
8. Потврда од банка за штеден влог;
9. Потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште, издадена од установата во која е запишано;
10. Потврда за вонредно продолжување на образованието за дете за кое се остварува правото и кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата - издадена од образовната установа во која е запишано; и
11. Потврда за дете за кое се остварува правото дека поради видот и степенот на попреченост не може да се образува- издадена од соодветна здравствена установа; и
12. Копија од трансакциска сметка .
|