1. Важечка лична карта од мајката на увид за утврдување на постојано место на живеење на мајката, односно доказ за постојано место на живеење за мајката- центарот го обезбедува по службена должност од Министерство за внатрешни работи, освен во случај мајката да не е жива;
2. Важечка лична карта од таткото односно старателот на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето, (а за татко односно старател за кој од личната карта не може да се утврди дека е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето и доказ со кој се потврдува односно од кој може да се утврди дека е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето, издаден од Министерство за внатрешни работи, односно обезбеден доказ од центарот за социјална работа по службена должност од Министерството за внатрешни работи);
3. Препис на извод од матичната книга на родени за детето ( центарот го обезбедува по службена должност од Управата за водење на матични книги во писмена форма);
4. Препис на изводи од матичната книга на родени за децата од претходниот ред на раѓање на мајката, а ако има починато дете/ца и препис на извод односно изводи од матичната книга на умрените и изјава од таткото односно старателот за редоследот на раѓања на децата на мајката, спрема датумот и часот на раѓањата, запишани во изводот од матичната книга на родени на детето, а ако има починато дете се наведува и датумот и часот на смртта на детето, запишани во изводот од матичната книга на умрени на детето – преписите центарот ги обезбедува по службена должност од Управата за водење на матични книги во писмена форма;
5. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
6. Доказ дека не му е одземено родителското право на таткото односно старателот над децата од претходниот ред на раѓање, издаден од надлежниот суд, а за старателот и доказ дека не му е одземено старателското право (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
7. Препис на извод од книгата на умрените во случај кога мајката е почината (центарот го обезбедува по службена должност од Управата за водење на матични книги во писмена форма);8. Доказ дека мајката го напуштила детето (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
9. Потврда за подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката издадена од соодветна здравствена установа;
10. Доказ за сериозно нарушена здравствена состојба на мајката, со оценка за нарушената здравствена состојба издаден од надлежна комисија и соодветна документација;
11. Доказ за студиски престој, усовршување и специјализација на мајката, издаден од соодветна институција односно орган;
12. Доказ за одземена деловна способност на мајката (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
13. Изјава од таткото односно старателот како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство;
14. Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за време на бременоста, кај избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерство;
15. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото согласно закон, издаден од соодветна здравствена установа;
16. Потврда дека детето за кое е остварено правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште, издадена од установата во која е запишано;
17. Потврда за вонредно продолжување на образованието за дете за кое е остварено правото, и кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата - издадена од образовната установа во која е запишано;
18. Потврда за дете за кое е остварено правото дека поради видот и степенот на попреченост не може да се образува, издадена од соодветна здравствена установа
|