1. Важечка лична карта од мајката на увид за докажување на постојано место на живеење,односно доказ за постојано место на живеење на мајката (центарот го обезбедува по службена должност од Министерство за внатрешни работи), освен во случај мајката да не е жива;
2. Важечка лична карта од таткото односно старателот на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето, (а за татко односно старател за кој од личната карта не може да се утврди дека е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето и доказ со кој се потврдува односно од кој може да се утврди дека е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето, издаден од Министерство за внатрешни работи, односно обезбеден доказ од центарот за социјална работа по службена должност од Министерството за внатрешни работи);
3. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
4. Доказ дека не му е одземено родителското право на таткото односно старателот над децата од претходниот ред на раѓање, издаден од надлежниот суд, а за старателот и доказ дека не му е одземено старателското право (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
5. Препис на извод од книгата на умрените во случај кога мајката е почината (центарот го обезбедува по службена должност од Управата за водење на матични книги во писмена форма);
6. Доказ дека мајката го напуштила детето (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
7. Потврда од соодветна здравствена установа за подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката;
8. Доказ за сериозно нарушена здравствена состојба на мајката, со оценка за нарушената здравствена состојба од надлежна комисија и соодветна документација;
9. Доказ за студиски престој, усовршување и специјализација на мајката, издаден од соодветна институција односно орган;
10. Доказ за одземена деловна способност на мајката, (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
11. Изјава од таткото односно старателот како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство;
12. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето, издаден од соодветна здравствена установа - за трето и четврто дете по ред на раѓање, родено од 1 јануари 2009 година, за кое е остварено правото;
13. Потврда дека детето е запишано и редовно ја следи наставата во основно односно во средно училиште, издадена од установата во која е запишано - за трето и четврто дете по ред на раѓање, родено од 1 јануари 2009 година, за кое е остварено правото;
14. Потврда за вонредно продолжување на образованието, издадена од образовната установа во која е запишано - за дете кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата;
15. Потврда за дете дека поради видот и степенот на попреченост не може да се образува, издадена од соодветна здравствена установа.
|