1. Важечка лична карта од мајката на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење;
2. Изјава од мајката како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство
3. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување (по службена должност го обезбедува службеното лице од Центарот за социјална работа);
4. Доказ дека не и одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање - издаден од надлежниот суд;
5. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето, издаден од соодветна здравствена установа за трето и четврто дете по ред на раѓање, родено од 1 јануари 2009 година, за кое е остварено правото – издаден од соодветна здтравствена установа;
6. Потврда дека детето е запишано и редовно ја следи наставата во основно односно во средно училиште, издадена од установата во која е запишано - за трето и четврто дете по ред на раѓање, родено од 1 јануари 2009 година за кое е остварено правото;
7. Потврда за вонредно продолжување на образованието, издадена од образовната установа во која е запишано - за дете кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата;
8. Потврда за дете дека поради видот и степенот на попреченост не може да се образува, издадена од соодветна здравствена установа
|