Потврда за ослободување од плаќање на увозни давачки


Вид на услуга/право

Потврда за ослободување од плаќање на увозни давачки

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 195 од Царински закон („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/2005; 4/2008; 48/2010; 158/2010; 44/2011; 53/2011, 11/2012, 171/12, 187/2013, 15/2015, 129/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 144/2018 и 110/2021)  и Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи  од  плаќање на увозни давачки 

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Барање

2. ИЗЈАВА со која се изјавува дека стоката има хуманитарен карактер и дека истата се подарува – не се препродава односно отуѓува и за кого е наменета (кој е краен корисник на стоката)

3. СПЕЦИФИКАЦИЈА во која задолжително треба да биде наведено,  видот, количината и вредноста на стоката

4. СЕРТИФИКАТ ОД ДОНАТОРОТ кој ја поклонува стоката.

5. УПИС ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР  дека организацијата е регистрирана во Република Македонија за вршење на хуманитарни цели

6. Во рок од 90 дена по добивањето на потврдата за ослободување на царина, подносителот на ова барање до Министерството за труд и социјална политика треба да достават документација за прием на хуманитарната пратка од страна на крајните корисници.

Обрасци 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Министерство за труд и социјална политика

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Министерство за труд и социјална политика

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }